Како изгледа внатрешноста на храмот?
Дали е внатрешноста на храмот некогаш достапна за јавноста?
Која е разликата меѓу храмот и собиралиштето?
Дали храмот влијае врз вредноста на околните имоти?
Дали храмот доведува до проблеми во сообраќајот или до метеж на паркингот?
Дали е храмот еден вид на центар од кој Црквата се обидува да ги шири своите учења?
За членовите на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни храмот е „Господов дом“. Тоа е света зграда во која, откако е посветена, можат да влезат само верни членови на Црквата. Во храмот членовите учат повеќе за целта на животот и склучуваат завети за да му служат на Исус Христос и на своите ближни. Тие, исто така, учествуваат во верските обреди кои се на сила и во вечноста, како што се застапничкото крштавање за починатите предци или бракот за вечноста.
Многумина мислат дека внатрешноста на храмот на светиите од подоцнежните дни е како голема сала или катедрала. Во стварноста, во храмот постојат многу соби кои имаат специфични функции - за склучување на бракови, крштавање или учење за доктрините.
Членовите на Црквата во храмот се облекуваат во едноставна бела облека пред да започнат да работат. Белата облека ја симболизира чистотата, почитувањето и богослужението.
Да. Веднаш по завршувањето на изградбата на храмот, се организираат (обично неколку) Отворени денови за јавноста. Во текот на тие отворени денови, даваме информации за целта на храмот и за тоа кои свети обреди се извршуваат таму и одговараме на прашања. По отворените денови, храмот се посветува. После тоа, само достојни членови на Црквата можат да влезат во него.
Собиралиштата на светиите од подоцнежните дни служат за вообичаени неделни служби, верско образование, како и друштвени или спортски активности. Од друга страна, во храмот верните членови на Црквата учат специфични детали за целта на животот и за нивниот однос со Бога. Таму тие учествуваат во светите обреди, како за себе така и за починатите предци, поврзани со семејството. Светиот обред кој може да биде извршен во храмот, на поединецот му дава можност да се врати во Божјо присуство, а на семејството да биде вечно соединето.
Како видлив израз на почит кон Бога, храмовите на светиите од подоцнежните дни се градат со користење на најдобра изработка и најквалитетни материјали. На таков начин е поставен и негуван и околниот простор. Генерално, храмовите ја надополнуваат убавината на локалниот простор и ги зголемуваат вредностите во подрачјето.
Не. Храмовите никогаш не се наменети за сместување на големи групи на луѓе во исто време. Со оглед на тоа што работата во храмот се одвива во текот на целиот ден, потребите за сообраќај се минимални. На просторот на храмот постојат доволно паркинг места. На посветувањето на локацијата, за време на отворените денови и на посветувањето на објектот, тесно соработуваме со локалната заедница за да се избегне сообраќајната гужва и проблемите со паркирањето, како и за да се обезбеди слободен пристап до становите и деловните објекти. За разлика од собиралиштата, храмовите се затворени во недела.
Не. Само светите обреди се извршуваат во храмот. Тој не е ни собиралиште на локалните верници ниту место за ширење на учењето.