25. August 2011

Блог „За верата“: Мормони - не се нужно она што вие мислите дека се

Иако многумина за членовите на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни мислат како за белци од Јута, стварноста е дека профилот на членството на Црквата брзо се менува со нејзиното ширење низ светот.  Во сегашниот блог „За верата“ во Вашингтон Пост, главниот директор на црковната служба за односи со јавноста Мајк Отерсон објаснува дека мормоните не се нужно она што мислите дека се. 

Популарната слика за доминантната вера во Јута со најмногу белци повеќе не е веродостојна.  Демографијата на Црквата се менува брзо, особено низ западната хемисфера.  Она што еднаш беше американска црква сека е вистинска меѓународна вера.  Денес има повеќе мормони надвор од САД отколку во нив.  Денес, мормони се жителите на Боливија, Гана, Кореа и Русија, сите составен дел од семејството на Црквата. 

За да го илустрира ова, Отерсон зема 14 милиони луѓе во Црквата и статистички го претставува целото тело како единствена конгрегација од 100.  Горната слика ги покажува различните јазици на кои што се зборува во оваа конгрегација од 100 светии на подоцнежните дни. 

Прочитајте го во целост блогот на Отерсон во „За верата“