30. November 2011

Исландско наследство меѓу Мормоните

Мешаниот хор од двата исландски разграноци кој пееше пред „Споменикот на иселениците“ подигнат во спомен на исландските светии кои го прифатија мормонизмот и се собраа во Јута во периодот од 1854 до 1914. Фотограф: Герхард О. Гуднасон

На 16 јули 2011, осумдесет и шест исландски светии од подоцнежните дни од разграноците Селфос и Рејкјавик се собраа на островот Хејмај во Вестманајар, Исланд за да присуствуваат на отворањето на постојаната изложба во Народниот музеј во Вестманајар под наслов „ Исландско наследство меѓу Мормоните“.   Поминувајќи одредени растојанија со кола и со ферибот светиите, како и граѓаните на Вестманајар, се собраа во тоа убаво саботно попладне за овој инспиративен настан.  Програмата започна пред „Споменикот на иселениците“ подигнат во спомен на исландските светии кои го прифатија мормонизмот и се собраа во Јута во периодот од 1854 до 1914.  

Како дел од програмата, што ја водеше Кари Бјарнасон, директорка на библиотеката во Вестманајар, локалните членови на црквата формираа мешан хор и изведоа неколку инспиративни црковни песни за обновата.  Присутните, потоа, со автобуси и комбиња тргнаа во обиколка на островот за да ги посетат местата каде што раните светии некогаш живееја и да се запознаат со богатата историја на Вестманајар.  Оваа обиколка заврши во Народниот музеј на Вестманајар каде што неколкумина говорници му се обратија на публиката.  

Фридрик Бјоргвинсон, инженер во Вестманајар, зборуваше за раната мормонска историја на островот.  Пал Марвин Џонсон, извршен директор на Центарот за знаења во Вестманајар и член на градскиот совет, им се заблагодари на оние кои ја осмислија изложбата и на Стивен Л. Олсен, главен кустос на Одделот за црковна историја кој обезбеди опис на нејзините содржини.  Ким Р. Вилсон, претседател на Фондацијата за мормонски историски места, кој службено ја отвори изложбата, објасни како великодушните донатори од Јута го помогнаа финансирањето на изложбата.  

Фред Е. Вудс, професор за Црковна историја и наука на универзитетот BYU, му се заблагодари на Пал Марвин Џонсон, извршниот директор на Центарот за знаења во Вестманајар, за неговата поддршка при добивањето на одобрението за поставувањето на изложбата во Народниот музеј и објасни како бројни поединци и институции од Исланд и Јута соработуваа во осмислувањето на оваа инспиративна изложба.  Тој, исто така, се повика на зборовите на апостол Павле за да го изрази ставот дека иако многумина посадија и полеваа за да помогнат во осмислувањето на изложбата, Господ сигурно направи таа да расте (1 Коринтјаните 3:6-7).    

Понатаму, професорот Вудс објасни дека оваа изложба е портал за поголем проект со кој тој и Кари Бјарнасон ќе се занимаваат во следните четири години.  Во текот на тој период тие ќе продолжат да собираат исландски ракописи и фотографии, и во Јута, и во Исланд што ќе пружи информации за раната исландска историја на мормоните во текот од 1851 до 1914.   

Изложбата, во соработка со Народниот музеј на Вестманајар, направена е на таков начин што ќе биде прекрасно надополнување на историјата на Вестманајар за сите што го посетуваат музејот.