30. November 2011
By: Солт Лејк Сити

Мормонски апостол повикува на толеранција и мудрост во промовирањето на верската слобода

12 септември 2011 — Солт Лејк Сити

Вести

Во обраќањето кон младите возрасни лица на 11 септември под насловот „Вистината и толеранцијата“, старешината Далин Х. Оакс од Кворумот на Дванаесетте апостоли од Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни зборуваше за четири клучни принципи кои треба да го регулираат верското учество во јавните расправи. 

Да се знае да се комуницира со почитување и искреност во јавноста е многу важно , рече старешината Оакс, бидејќи „да се живее заедно со взаемно почитување на меѓусебните разлики е предизвик во денешниот свет“. Старешината Оакс истакна дека во религиозниот и во јавниот живот вистината и толеранција одат рака под рака.  „Мора да се заземеме за вистината, дури и додека применуваме толеранција и почитување за верувањата и идеите различни од нашите и за луѓето кои ги имаат.“ 

За да се промовира подобро разбирање за тоа како учеството во јавните расправи треба да биде „рамнотежа меѓу вистината и толеранцијата“, старешината Оакс ги истакна следните принципи како за водач: 

„Кога верниците во Исус Христос ги изнесуваат своите гледишта на јавно место, мора да бараат инспирација од Господинот за да бидат селективни и мудри при избирањето на вистинските принципи кои сакаат да ги промовираат со закон или преку извршни дејствија.  Општо земено, тие треба да се воздржат од барањето законите или административните мерки да ги поддржуваат верувањата кои се карактеристични за верниците, како на пример спроведувањето на актите за богослужба, дури и со импликација.  Верниците можат да бидат помалку претпазливи во барањето на владини мерки што ќе ги задоволат принципите пошироки од самото поддржување на примената на нивните верувања, како што се законите за јавно здравство, безбедност и морал. 

  Кога верниците бараат да го промовираат своето гледиште на јавни расправи, нивните методи и застапување секогаш треба да бидат толерантни кон мислењата и ставовите на оние кои не ги делат нивните верувања.  Не треба да го зголемиме екстремизмот кој го дели нашето општество.  Како верници секогаш треба да зборуваме со љубов и да покажеме трпение, разбирање и сочувството кон нашите противници.  Христијанските верници имаат заповед да ги сакаат своите соседи, да проштаваат и да им прават добро на оние кои ги оговараат…  Како верници, исто така, треба да ги обликуваме своите аргументи и позиции на начини кои придонесуваат кон разумна дискусија и компромиси кои се од суштинско значење за демократско владеење во едно плуралистичко општество.  Со тоа ќе придонесеме кон учтивоста која е од суштинско значење за зачувување на нашата цивилизација. 

  Верниците не треба да се заплашат од познатото обвинување дека се обидуваат да го озаконат моралот.  Многу области на правото со векови се базираат на јудео-христијанскиот морал.  Нашата цивилизација се базира на моралот и не може да постои без него. 

  Верниците не треба да се воздржат од барањето на закони за одржување на јавните услови и политики кои им помагаат во примената на барањата на својата вера таму каде тие услови или политики исто така се поволни за јавното здравство, сигурноста или моралот…  Но, каде верниците се мнозинство тие секогаш треба да се чувствителни кон ставовите на малцинството.“  

На крајот, старешината Оакс ги повика светиите од подоцнежните дни да бидат „повеќе мудри и вешти во објаснувањето и извршувањето на нашите ставови и во остварувањето на нашето влијание кога го имаме“.