30. November 2011
By: старешина Џон Леонард и сестра Луси Џарет

Обуката ги спасува животите на новороденчињата

Во почетокот на септември христијанската црква Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни достави во Молдавија разни набавки и медицинска опрема во вредност од 25.000,00 американски долари и испрати национален тим од 4 експерти за обука за неонатална реанимација, со цел 150 здравствени работници, вклучувајќи и неонаталог, да се обучат како да им помогнат на новороденчињата кои се борат за живот.   Првите две минути во животот на новороденчето се критични.  

За целите на обуката болниците во Кишињев и Балти добија кукли за обука, ларингоскопи, амбу балони и маски.  Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни ги обезбеди сите материјали за обуките заедно со медицински средства за околните болници.   Здравствените работници, како претставници на разни болници од земјата, учествуваа во обуката со очекување дека во своите локални подрачја тие ќе извршуваат обука.   Учесниците се вратија во своите болници со наставни материјали, набавки и опрема.   Болниците известија дека очекуваните резултати, намалување на смртноста на новороденчињата, веќе настапија, на радост на новите родители и на здравствените работници.   

За време на последните две децении, граѓаните на Молдавија примија 2,7 милиони долари преку хуманитарните активности на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни.   На прашањето зошто Црквата дава толку великодушно, кажано им е како Црквата верува дека сите сме Божји деца и дека настојуваме да ги следиме учењата на Исус Христос при помагањето на нашите ближни.