26. April 2012

Црковната хуманитарна помош помага за време на катастрофите со големи материјални последици во 2001 година

Во текот на 2011 година Црквата на Исус Христос одговори на 111 катастрофи во 50 земји, обезбедувајќи вкупно 22 милиони американски долари за итна помош и организирајќи илјадници волонтери преку програмата Мормонски раце што помагаат за давање на поддршка на настраданите. 

Земјотресите, појавите на цунами и големите поплави направија 2011 година да биде најскапа година на природни катастрофи забележани според неодамна објавениот извештај на Добротворните служби на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни (мормони). 

Извештајот покажува дека во првата половина на годината економските загуби изнесуваа вкупно 265 милијарди американски долари, што ја надминува бројката од претходниот извештај од 220 милијарди американски долари во 2005 година (година на ураганот Катрина во Голфското подрачје на САД).  Земјотресот во Јапонија и штетите од цунамито се проценуваат на 235 милијарди американски долари. 

Лин Самсел, директор на Одделот за итни одговори на Добротворните служби, рече дека секоја година низ целиот свет семејствата, заедниците и народите се погодени од тешкотии и трагедии кои ги носат катастрофите - и природните и оние предизвикани од човекот.  „Знаеме дека Бог пази над своите деца, но свесни сме и дека ги повикува меѓусебно да си служат.“