11. April 2012 |
Мисијата на Црквата е да го проповеда Евангелието на Исус Христос, а не да бира политичари. Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни е неутрална по прашањата на политичките странки. Тоа се однесува на сите бројни нации каде што Црквата е воспоставена.
Црквата не го прави следното:
Црквата го прави следното:
Во Соединетите Држави, каде што живее скоро половина од светиите од подоцнежните дни во светот, вообичаено е Црквата при секои национални избори да објави писмо упатено до сите конгрегации, поттикнувајќи ги нивните членови да гласаат, но нагласувајќи ја црковната неутралност по прашањата на политичките странки.
Избраните функционери кои се светии од подоцнежните дни донесуваат сопствени одлуки и не мора меѓусебно да се согласуваат па дури и не мора да се согласуваат со ставовите кои Црквата јавно ги изјавила. Црквата може да им ги пренесе своите гледишта, како и на било кој избран функционер, но таа прифаќа дека тие функционери мора да донесуваат сопствени избори врз основа на своите најдобри процени и во согласност со изборните единици за кои се избрани да ги претставуваат.
Современи референци од Светите писма за улогата на Владата: Учење и завети, оддел 134
Освен тоа, писмото на Првото претседателство од 16 јуни 2011 е потврдување на изјавата и понатамошно појаснување на црковното гледиште по прашањето за политичката неутралност на почетокот на уште една политичка сезона. Ова се однесува на целодневните генерални авторитети, генералните водачи на помошните организации, претседателите на мисии и претседателите на храмови. Овие правила не се применуваат за црковните вработени лица во работен однос на неодредено време.
„Генералните авторитети и генералните службеници на Црквата и нивните сопруги, како и другите црковни водачи во служба со полно работно време, лично не би требале да учествуваат во политички кампањи, вклучително и во промоција на кандидати, собирање на средства, настапи во нивно име или на друг начин изразување на поддршка на кандидатите, како и давање на финансиска поддршка.
Со оглед на тоа што не се службеници на Црквата вработени на неодредено време, членовите на подрачните Седумдесетте, претседателите на коловите и бискупите можат да учествуваат, служат во одбори за кампањи и на друг начин да ги поддржуваат кандидатите по нивен избор, водејќи сметка дека: