09. August 2012

Ново претседателство на подрачјето Европа

Почнувајќи од денес, старешината Жозе А. Тишеира ја започна својата служба како нов претседател на подрачјето Европа на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни.  Старешината Патрик Кирон ќе служи како прв советник, а старешината Кент Ф. Ричардс како втор советник. Новото претседателство на подрачјето Европа беше прогласено минатата пролет.  

Управата на Црквата низ светот е одредена со географски подрачја, а моментално ги има 26. Денес Црквата во подрачјето Европа брои 485.403 членови во 1.449 конгрегации во 39 држави и територии, 42 мисии и 11 активни храмови. Под водството на Прво претседателство и Кворумот на Дванаесетте апостоли, највисоките управни тела на Црквата, новото подрачно претседателство ќе им дава духовно и административно водство на водачите и на членовите на Црквата.

Старешината Жозе Тишеира беше поддржан како член на Првиот кворум на Седумдесетте на 5 април 2008 година. Неговата недамнешна задача беше служба како втор советник во претседателството на подрачјето Европа.  Со професионална едукација во подрачјето на бизнисот стекна диплома по сметководство и бизнис менаџмент. Пред неговиот позив во постојана служба во Црквата, беше меѓународен контролор за Црквата со одговорност за повеќе подрачни канцеларии на Црквата во Европа и Африка. Поранешните позиви вклучуваа позив на целодневен мисионер, претседател на кол, претседател на мисијата и член на подрачни Седумдесетте во бившото подрачје Европа Запад од 1997 до 2005 г. Роден во Вилја Реал, Португалија, на 24 февруари 1961 г., старешината Тишеира во јуни 1984 година се ожени со Марија Филомена Лопез Телес Грило. Родители се на три деца.

Старешината Патрик Кирон беше поддржан како член на Првиот кворум на Седумдесетте на 3 април 2010 година. Кога го доби позивот служеше како член на Третиот кворум на Седумдесетте во подрачјето Европа. Образованието го стекна на Блискиот Исток и во Обединетото Кралство, а работеше во неколку индустрии, вклучувајќи ја здравствената, прехранбената, автомобилската и транспортната индустрија.   Учествувањето во граѓанските служби и во заедницата вклучуваше и служење во одбори на добротворни фондации, школи, претприемачки агенции и колеџи. Старешината Кирон служеше на бројни црковни позиви, вклучувајќи и позив на помошен секретар на оддел, претседател на организацијата Млади мажи, советник на епископ, претседател на разгранок и член на подрачни Седумдесетте од 2005 до 2010 г. Старешината Кирон е роден во Карлисл, Камберленд, Англија, на 18 јули 1961 г.  Се ожени со Џенифер Керол Халм во 1991 г. Родители се на четири деца, од кои едно е починато.

Старешината Кент Ф. Ричардс беше поддржан како член на Вториот кворум на Седумдесетте на 4 април 2009 година. Пред неговата служба во подрачјето Европа, служеше како втор советник во претседателството на подрачјето Чиле.  Старешината Ричардс стекна диплома од прв степен во подрачјето на природните науки и диплома по медицина на Универзитетот во Јута.  Работеше како хирург и беше началник на Клиниката за хирургија во болницата „LDS Hospital“ во Солт Лејк Сити, Јута. Исто така служеше како виш потпретседател  на здравствениот систем Intermountain Health Carе и беше член на нивниот управен и извршен одбор. Работеше и како професор по хирургија на Универзитет во Јута. Старешината Ричардс служеше во многу црковни позиви, вклучувајќи и позив на целодневен мисионер, епископ, извиднички водач, претседател на кол и претседател на мисија.  Старешината Ричардс е роден во Солт Лејк Сити, Јута, на 25 февруари 1946 година.  Во август 1968 година се ожени со Марша Гур.  Родители се на осум деца.

Историјата на Црквата во Европа датира уште од првите седум мисионери кои дојдоа во Англија во 1837 година, само седум години по основањето на Црквата. Тоа беше првата група испратена во странство.