21. February 2012

Соопштение на Црквата за кршењето на правилата за застапничко крштавање

Како одговор на прашањата за кршењето на црковните правила за застапничкото крштавање, Црквата го издаде следното соопштение: 

  • Црквата го држи својот збор и сосема е цврста во својата решителност да не ги прифати имињата на жртвите на холокаустот за застапничко крштавање. 
  • Потребна е голема измама и доста манипулирање за да неправилните поднесоци поминат покрај заштитата која ја поставивме. 
  • Иако не постои систем кој е доволно сигурен за да ги спречи оние поединци кои се решителни во тоа да ги фалсифицираат поднесоците, ние сме одлучни да преземеме мерки против поединечните прекршители со суспендирање на нивните можности за пристап.  Исто така, ќе разгледаме и преземање на други црковни дисциплинарни мерки. 
  • Вознемирувачки е кога некој поединец свесно ги крши црковните правила и кога она, што треба да се гледа како принос втемелен на љубов и почитување, станува извор на несогласување.