10. July 2012

Црквата и Црвениот крст потпишуваат спогодба за продолжување на соработката

СОЛТ ЛЕЈК СИТИ —

Помеѓу Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни (мормони) и Американскиот црвен крст обновена е соработката за да им се помогне на луѓето кои што се во неволја.

Геил Мекгаверн, претседателка и главна извршна директорка на Американскиот црвен крст, на конференцијата за медиумите во црковниот Welfare Square во Солт Лејк Сити во Јута на 20 јуни 2012 година рече дека новата спогодба вклучува подобра координација со Црквата во спонзорирањето на организираното дарување на крв.PrevNext

„Секои две секунди на некого во нашата земја му е потребна трансфузија на крв”, рече Мекгaверн.  „И членовите на Црквата секогаш знаеја да ги засукаат ракавите за да го дадат спасоносниот прилог, што е голем чин на великодушност.  Овде, на територијата на Јута, светиите на последните дни во организација на Црквата донираат годишно 50 илјади единици крв.”

Оваа обновена соработка значи дека Црквата ќе го унапреди своето учество со почесто организирање на дарување на крв во собиралиштата и во другите црковни објекти.

Мекгаверн објасни дека Црвениот крст годишно им испорачува на болниците помеѓу шест и десет милиони единици крв.  На територијата на Јута, активностите на Црквата во спонзорирањето на организираното доброволно дарување на крв придонесува со 25 проценти од вкупната количина на донирана крв.

„Би сакала јавноста да знае”, рече Мекгаверн, дека „Црвениот крст, заради односите кои ги има со Црквата на СПД, е поподготвен од било кога за евентуална непогода.”

Овие две организации соработувале многу ефикасно повеќе од 25 години при давање на помош во случаи на масовни непогоди, дарување на крв, финансиски и стоковни донации и при иницијативата за борба против малите сипаници, што резултираше со вакцинација на 213 милиони деца во повеќе од 40 африкански земји.

Освен акциите за дарување на крв, Црквата ќе биде вклучена при планирањето на обуката и вежбите во случај на непогоди, како и во пронаоѓањето на локации за засолништа.

„Црквата меѓу своите членови создаде силна култура на подготвеност”, рече Мекгаверн.  „Верувам дека тоа може да биде модел за другите низ целата земја.”  Црквата ги советува членовите да бидат подготвени за лични или за природни непогоди со подготвување на планови за вонредни ситуации и со складирање на основни неопходни залихи.

„Како членови на Црквата посветени му сме на помагањето на сиромашните и на оние во неволја и на тоа гледаме како на божествен налог”, рече Стив Петерсон, генерален директор на Црковните Добротворни служби.  „Нашата соработка со Американскиот црвен крст и со другите едноставно ја јакне нашата положба да бидеме во можност да го направиме она што чувствуваме дека е наша одговорност како членови на Црквата.”

„Благодарна сум за длабочината и за ширината на соработката што Црвениот крст ја има со Црквата”, заклучи Мекгаверн.  „Заедно им помагаме на луѓето во неволја: на улица, во целата земја и ширум светот.”

 

Описи на фотографиите:

Фотографија бр. 1

Геил Мекгаверн, претседателка и главна извршна директорка на Американскиот црвен крст, им се обраќа на медиумите заедно со Стивен К. Петерсон, генерален директор на Црковните Добротворни служби, во врска со обновената соработка.

Фотографија бр. 2

Геил Мекгаверн, претседателка и главна извршна директорка на Американскиот црвен крст, пробува топол леб и џем, сирење и чоколадно млеко — производи за сиромашните во Епископското складиште на Welfare Square.

Фотографија бр. 3

Свежо печениот леб е еден од стотиците артикли кои им се на располагање на сиромашните и на оние во неволја во Епископското складиште на Welfare Square.

Фотографија бр. 4

Геил Мекгаверн, претседателка и главна извршна директорка на Американскиот црвен крст, го слуша Рик Фостер, директорот на Welfare Square, за време на разгледувањето на објектот.