11. July 2012

Старешината Фрерих Герц присуствува на основањето на Глобалната повелба за совеста

Фрерих Герц, бивш потсекретар на германската сојузна влада, кој моментално служи како претставник на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни во институциите на Европската унија, присуствуваше на основањето на Глобалната повелба за совеста. Овој документ го реафирмира и поддржува 18. член на Универзалната декларација за човековите права. Настанот, чија домаќинка беше финската застапничка во Европскиот парламент Сари Есајах, се одржа во Европскиот парламент во Брисел на 21 јуни 2012 година.

 

Главни говорници беа проф. д-р Хајнер Билефелдт, специјален известител на УН за слобода на верата или убедувањата, д-р Ос Гинис, социолог и социјален критичар, иницијатор и идеен зачетник на Повелбата, како и проф. д-р Томас Ширмахер, директор на Меѓународниот институт за верски слободи и професор по социологија на религијата.

 

„Ова е моќен документ. Тој има огромен потенцијал да инспирира практична посветеност и да придонесе кон подоброто разбирање на човековите права генерално,“ коментираше проф. Билефелдт.

 

Фрерих Герц, кој подоцна имаше можност со проф. Ширмахер да разговара за прашањата во врска со слободата на мислењето, совеста и верското определување, рече дека „не е доволно да се набљудуваат настаните во денот и со жалење да се констатира дека верските слободи, совеста и убедувањата сè повеќе се ограничуваат и повредуваат. Од суштинско значење е државите, но и групите и поединците, да го сметаат за своја должност и привилегија бранењето на слободата на мислењето, совеста и верското определување. Ова е барање на Повелбата.“

 

Глобалната повелба за совеста е подготвена и објавена од група на следбеници на многу вери, како и од оние кои не ѝ припаѓаат на нити една, како и од политичари со разни убедувања, академици и невладини организации кои се залагаат за „слобода на мислењето, совеста и верското определување” за сите луѓе. Според интернет страницата на Повелбата, овој документ „повикува на негување на цивилизираноста и изградбата на граѓанска јавност која им овозможува слобода на сите. Тој дава визија и рамка да помогне [...] при разгледувањето и решавањето на нашите актуелни проблеми на конструктивен начин со почитување на правата на сите луѓе.“

 

Дополнителни извори:

·         Службена интернет страница на Повелбата: http://charterofconscience.org/

·         Написи на страницата за глобални вести на светиите од подоцнежните дни за верските слободи

 

 

Сите слики на старешината Герц можат да се преземат овде:

http://www.presse-mormonen.de/sprecher-der-kirche