12. June 2012

Старешината Ерих В. Копишке одржа говор на Светскиот конгрес за семејствата или Црквата претставена на VI. Светски конгрес за семејствата

Старешината Ерих В. Копишке, член на Седумдесетте и претседател на подрачјето Европа на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни (втор од лево на масата со говорници), зборуваше на VI. Светски конгрес за семејствата во Мадрид, Шпанија (фотографија: Ангел Хозе Гомез Гарсиа).

Старешината Ерих В. Копишке, член на Седумдесетте и претседател на подрачјето Европа на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни (десно) и г-ѓа Лола Веларде, претседателка на Институтот за европската мрежа на политиката за семејствата (лево) за време на воведната сесија на VI. Светски конгрес за семејствата во Мадрид, Шпанија (фотографија, со љубезноста на HazteOir.org).

Штандот на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни која ја прикажува семејната домашна вечер, се истакнуваше меѓу останатите со својот топол и привлечен изглед (фотографија: Ангел Хозе Гомез Гарсиа).

Зборувајќи на VI. Светски конгрес за семејствата денес во Мадрид, Шпанија, старешината Ерих В. Копишке, член на Седумдесетте и претседател на подрачјето Европа на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, ја нагласи важноста на бракот и семејството во денешното општество. Сестрата Мери Елен Смут, бивша генерална претседателка на Друштвото за помош, црковна организација на жени, го најави неговиот говор.

Поканет да им се обрати на учесниците на воведната пленарна сесија на Конгресот, тој рече: „Цивилизацијата и општеството можат и ќе бидат онолку силни колку што се семејствата. Оваа идеја веројатно е изнесена стотина пати на конвенции и конференции слични на оваа низ целиот свет. Кон оваа очигледна вистина би сакал да ја додадам оваа изјава: Семејството може и ќе биде онолку силно колку што е бракот врз кој се темели.“

Истовремено со сесиите на Конгресот, старешината Фрерих Гертс, бивш потсекретар на германската федерална влада и сегашен претставник на Црквата во институциите на Европската унија, присуствуваше на Меѓународниот парламентарен форум. 

Форумот ги собра најистакнатите активисти и лидери на граѓанските, образовните и истражувачките организации, кои го бранат природното семејство и живот како темелни принципи, заедно со политичките претставници, со цел да ја анализираат постојната состојба и да предложат можни решенија на подрачјето на политиката и меѓународното законодавство, како и да го разгледаат учеството и влијанието на цивилното општество.

Додека старешината Копишке им се обраќаше на повеќе од 2.000 делегати кои претставуваа стотина организации и научници кои се занимаваат со темата на семејството, старешината Гертс учествуваше во работата на лидерите на политичкото и граѓанското општество, а старешината Џим и сестра Карол Бренд, мисионери за односи со јавноста, ја организираа работата на штандот во изложбениот простор на Светскиот конгрес на семејствата со помош на локалните членови на Црквата. 

Штандот кој ја прикажува семејната домашна вечер, црковен програм воспоставен во 1915 година со цел да ги поттикни родителите да изградат и зајакнат семејни односи, се очекува со својот срдечен и топол изглед да привлечи стотина посетители.  Таму посетителите ќе имаат можност да гледаат избрани видео прикази во врска со семејството, да научат за поддршката што Црквата му ја дава на традиционалното семејство и да стекнат нешто посебно на што ќе можат да се сеќаваат. 

Изложбениот простор ќе биде отворен до крајот на Конгресот во недела, 27 мај.