28. May 2012

Досег преку морето: Симфонискиот дувачки оркестар на Универзитетот „Бригам Јанг“ ја споделува својата музика и добра волја

Секција на саксофонисти во текот на активностите за млади – Ден Хаг, Холандија

Симфонискиот дувачки оркестар на Универзитет „Бригам Јанг“ во Хертогенбос, Холандија

Автобусот на Симфонискиот дувачки оркестар - Зволе, Холандија

Публиката во Хертогенбос, Холандија

д-р Доналд Петерсон, диригент на Симфонискиот дувачки оркестар на Универзитет „Бригам Јанг“

Членовите на Симфонискиот дувачки оркестар на Универзитет „Бригам Јанг“, група на млади музичари на лимени и дрвени дувачки инструменти и ударни инструменти од САД, одржаа тринеделна турнеја низ Европа, настапувајќи во Германија, Холандија, Франција и Белгија, почнувајќи на 24 април и завршувајќи на 14 мај.  Публиката беше воодушевена со нивната изведба на дела од големи композитори со меѓународна слава.  

Универзитетот „Бригам Јанг“е еден од најголемите приватни универзитети во САД со повеќе од 30.000 илјади студенти од САД и од 110 странски земји.   Во сопственост е на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни. 

Симфонискиот дувачки оркестар својата турнеја низ четири европски земји ја започна во Хамбург, во Германија и одржа концерти во Хамбург, Ајзенхутенштат, Фрајберг и Дортмунд пред заминувањето во Холандија каде што настапуваа во Хертогенбос во рамките на прославата на Денот на ослободувањето на Холандија, по што настапуваа во Зволе и Ротердам.  

По турнејата низ Холандија, групата свиреше во Гент и во Бруге/Брисел, Белгија, како и во Лил во Франција, пред враќањето дома.    

Без исклучок, секој концерт предизвика овации кај публиката која беше трогната до солзи.    По присуствувањето на еден од нивните концерти, добивате чувство дека оваа група на млади талентирани музичари ви остава многу повеќе од нивната музика, особено кога ќе ги запознаете.  Нивното лично однесување и добрина се очигледни, и чувствувате надеж и ентузијазам за живот.   Возраста на членовите на групата се движи од 18-годишен бруцош до студенти кои неодамна дипломирале.  

Кај овие млади музичари очигледно е колку страст имаат за нивната музика и за инструментите на кои што свират.   Саксофонистот и заменикот претседател на Симфонискиот дувачки оркестар, Џори Вудис, рече: „Отидов во летен музички камп во 6-то одделение.   Учителката свиреше различни инструменти, а мене веднаш ме привлече саксофонот.   Кога ни ги даваше инструментите според нашите желби, се сеќавам дека по прв пат го држев тој саксофон во рацете и знаев дека својот живот ќе му го посветам на свирењето на тој инструмент.   Од тогаш имав многу искуства кои го потврдија тоа прво чувство.   Тоа донесува големо исполнување во мојот живот.“  

Многу студенти музичари коментираа дека имаа предци кои од Европа емигрирале во САД по приклучувањето кон Црквата на Исус Христос на светите од подоцнежните дни.  Неколкумина рекоа дека за доаѓањето во Европа најмногу ги заинтересира можноста да ја доживеат културата на своите европски предци.           

Кога ги запрашавме што тие лично жртвуваат заради турнејата, кларинетистката Сара Диксон рече: „Верена сум и ќе се омажам на 8 јуни.   Далеку сум од својот вереник и од семејството, а треба да планираме свадба.   Но, турнејата тоа го заслужува; ова е можност да ја споделиме нашата музика, а преку неа можеме да се поврземе со луѓето.   Не постојат граници и нема јазични тешкотии; станува збор за споделување на вистина и на различни идеи преку различни звуци.“   

Освен нивните музички изведби, од кои многу беа со локални оркестри и музички уметници, Симфонискиот дувачки оркестар имаше и активности за деца од школска возраст и за групи на млади самци. 

Симфонискиот дувачки оркестар од 1988 година под диригентската палка на д-р Доналд Питерсон настапуваше низ САД, Скандинавија, Нов Зеланд, Австралија, Тајван, Јужна Кореа, Јапонија и Кина, споделувајќи ја својата музика, таленти и добра волја.