27. November 2012

Старешината Кент Ф. Ричардс

<xml> </xml>

е поддржан за член на Вториот кворум на Седумдесетте на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни на 4 април 2009 година, на 63 годишна возраст. Тој служеше како советник во претседателството на подрачјето Чиле од 2011 до 2012 година. Моментално служи како советник во претседателството на подрачјето Европа.

 

Старешината Ричардс во 1969 година стекна диплома од прв степен во подрачјето на природните науките на Универзитетот во Јута. Во 1972 година се стекна со диплома по медицина, исто така на Универзитетот во Јута. Од 1997 до 2009 година работеше како хирург во клиниката „IHC Bryner“ и четири години беше постар потпретседател на здравствениот систем Intermountain Health Care (IHC).  Старешината Ричардс работеше и како професор по хирургија на Универзитетот во Јута, беше началник на Одделот за хирургија во болницата „LDS Hospital“ и член на управниот и извршниот одбор на IHC.

 

Старешината Ричардс служеше на бројни црковни позиви, вклучувајќи и целодневна мисионерска служба во мисијата Југоисточно Мексико, позив на претседател на кворумот на старешини, епископ, извиднички водач, врховен советник, претседател на кол и претседател на мисијата Тексас Сан Антонио.

 

Кент Фарнсворт Ричардс е роден во Солт Лејк Сити, Јута.  Се ожени со Марша Гар во август 1968 година. Родители се на осум деца. 

 

 

š ›

 

10/12