27. November 2012

Старешината Патрик Кирон

е поддржан за член на Првиот кворум на Седумдесетте на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни на 3 април 2010 година, на возраст од 48 години. Во времето на неговиот повик, служеше како член на Третиот кворум на Седумдесетте во подрачјето Европа. Моментално служи како прв советник во претседателството на подрачјето на Европа.

 

Старешината Кирон се школуваше на Блискиот Исток и во Обединетото Кралство. Живеше и работеше во Обединетото Кралство, Саудиска Арабија и САД во различни економски гранки, вклучувајќи и здравство, прехрана, транспорт и автомобилска индустрија, а водеше и сопствена консултантска фирма за комуникации. Учеството во граѓанските служби и во заедницата вклучуваше и служење во одбори на добротворни фондации, училишта, претприемачки агенции и колеџи.

 

По пристапувањето во Црквата на Бадник 1987 година, старешината Кирон служеше на бројни црковни позиви, вклучувајќи и помошен секретар на оддел, претседател на организацијата Млади мажи во оддел, советник на епископ, претседател на разгранок, претседател на кол и член на подрачни Седумдесетте.

 

Патрик Кирон е роден во Карлисл, Камберленд, Англија, на 18 јули 1961 година. Се ожени со Џенифер Карол Халм во 1991 година. Родители се на четири деца, од кои едно е починато. Семејството Кирон моментално живее во Франкфурт, Германија.

 

›  š

 

10/12