27. November 2012

Старешината Жозе Тешеира

<xml> Normal 0 21 false false false DE ZH-CN X-NONE MicrosoftInternetExplorer4 </xml>

е поддржан за член на Првиот кворум на Седумдесетте на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни на 5 април 2008 година, на возраст од 47 години. Во времето на неговиот повик, служеше како претседател на мисијата Јужeн Сао Паоло, Бразил. Тој служеше како член на Третиот кворум на Седумдесетте во подрачјето Западна Европа од 1997 до 2005 година и како советник во претседателството на подрачјето Европа од 2009 до 2012 година. Моментално служи како претседател на подрачјето Европа.

 

Старешината Тешеира се здоби со диплома за сметководство и бизнис менаџмент. Пред да го прими позивот за претседател на мисија, беше меѓународен контролор на Црквата на Исус Христос на светите од подоцнежните дни задолжен за Европа и Африка. Во тоа својство управуваше со Европскиот/Африканскиот центар за обработка на податоци во Солихул, Англија и ја надгледуваше работата на контролорите во подрачјата Источна Европа, Централна Европа, Западна Европа, Југоисточна Африка и Западна Африка.

 

Старешината Тишеира служел на бројни црковни позиви, вклучувајќи и целодневна мисионерска служба во мисијата Лисабон Португалија, позив на претседател на кворум на старешини, претседател на округ, советник на претседателот на кол, водач на групата на врховни свештеници, советник на епископ, врховен советник, претседател на кол, член на подрачни Седумдесетте и претседател на мисија.

 

Жозе Августо Тешеира да Силва е роден во Вила Реал, Португалија, на 24 февруари 1961 година. Се ожени со Марија Филомена Лопез Телес Грило во јуни 1984 година. Родители се на три деца.

 

› š

 

10/12