29. October 2012

Црквата ја намалува возраста за мисионерска служба

СОЛТ ЛЕЈК СИТИ -

Во обид да ги зголеми можностите за младите членови на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни да служат полновремена мисија, претседателот на Црквата Томас С. Монсон објави денес дека мажите сега може да ја почнат службата на 18, а жените на 19 години, и тоа стапува на сила веднаш.
Претходно почетокот на мисионерската служба беше 19 години за младите мажи и 21 година за младите жени.
Соопштението беше објавено за време на отворањето на 182. Полугодишна генерална конференција на Црквата, пренесувана низ целиот свет од Солт Лејк Сити, Јута.
Црквата предвидува дека намалувањето на годините значително ќе го зголеми бројот на мисионерите кои што ќе служат, зголемувајќи ги можностите во врска со времето кога можат да ја започнат својата служба.
„Не сугерирам дека сите млади мажи ќе започнат - или треба да започнат - да служат на оваа порана возраст“, рече претседателот Монсон. Наместо тоа, рече тој, оваа можност сега постои во зависност од индивидуалните околности, како и од одлуките на локалните црковни водачи. (Прочитајте го целосното соопштение на претседателот Монсон.)

(Download a broadcast-quality file of this video.)

„Воодушевени сме од ова возбудливо соопштение на претседателот Томас С. Монсон ова утро“, рече старешината Расел М. Нелсон од Кворумот на Дванаесетте апостоли на конференцијата за печат по повод соопштението. Се повика на муралот во просторијата којшто го прикажува Исус Христос како ги подучува Неговите апостоли да проповедаат низ целиот свет. „Ние ги прошируваме нашите напори за да им дадеме повеќе можности на младите мажи и жени да учествуваат во таа божествена задача.“
Црковните водачи истакнуваат како оваа промена не сугерира дека сите мисионери треба да служат или ќе служат на помлада возраст од порано. Промената едноставно им дава опција на младите луѓе да ја почнат својата мисионерска служба порано, ако се подготвени за тоа.
„Ни еден млад маж или жена не треба да ја започне својата служба како мисионер пред да биде подготвен за тоа“, рече старешината Нелсон. „Во изминатата декада, дозвола да служат на 18 години им беше дадена на млади мажи од 48 земји. Тоа искуство беше многу позитивно… ... Се покажа дека овие мисионери се способни и квалификувани да служат.“

 

Од основањето на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни во 1830 година, повеќе од 1.1 милион мажи и жени светии на подоцнежните дни служеле полновремена мисија низ целиот свет. Мисионерската служба е свештеничка одговорност и очекување за младите мажи во Црквата, а младите жени се охрабруваат да служат ако чувствуваат поттик да го сторат тоа.
Најнепосреден ефект од оваа промена најверојатно ќе биде зголемувањето на бројот на полновремените мисионери кои служат. Во следните месеци многу млади мажи и жени кои нетрпеливо чекаа да поминат месеци или години за да можат да служат полновремена мисија, ќе имаат можност да го започнат тоа искуство порано.
Во врска со намалувањето на возраста потребна за жените, старешината Џефри Р. Холанд од Кворумот на Дванаесетте апостоли објасни дека младите жени светии на подоцнежните дни немаат обврска да служат полновремена мисија, но „оние кои служат се значително успешни и ние со ентузијазам ја поздравуваме нивната служба“. „Лично“, рече тој, „воодушевен сум ако оваа промена на правилата им овозможи на многу повеќе млади жени да служат.“
Моментално служат 58.000 мисионери и таа бројка се зголемува последните години па, најверојатно, значително ќе порасне со оваа промена. Старешината Холанд рече дека дополнителни мисии ќе бидат потребни низ целиот свет и многу мисии ќе имаат повеќе мисионери кои ќе служат во нив.
Старешината Холанд, исто така, објасни дека мисионерите ќе бидат замолени да ја подобрат својата пред-мисионерска подготовка пред пристапувањето во Центарот за обука на мисионери (ЦОМ) и дека времето поминато во ЦОМ ќе биде намалено за околу една третина за сите мисионери. Таа промена ќе овозможи повеќе мисионери да можат да бидат примени.
Освен што влијае врз идните мисионери, промената, која стапи на сила веднаш, ќе влијае врз многумина од 14.5 милиони членови на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, вклучувајќи ги десетиците илјади мајки и татковци кои ќе ги пратат своите деца на мисии. Обраќајќи им се, старешината Холанд рече дека родителите треба да им помогнат на своите деца да се подготват за мисионерска служба.
Мисионерската програма на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни е една од нејзините најпрепознатливи карактеристики. Мормонските мисионери можат да бидат видени на улиците на стотици поголеми градови во светот, како и во илјадници помали заедници. Мисионерските напори се засновани врз моделот од Новиот завет на мисионери кои што служат во парови, подучуваат за Евангелието и ги крштаваат верниците во името на Исус Христос.
Мисионерите ги добиваат своите задачи од седиштето на Црквата и се испраќаат само во земјите каде што владите го дозволуваат дејствувањето на Црквата. Мисионерите не ја избираат областа која ќе им биде доделена и не знаат однапред дали од нив ќе се бара да учат некој јазик. Мисионерската работа е волонтерска. Мисионерите ги финансираат своите мисии - освен патните трошоци за одење и враќање од доделената мисија - и не се платени за нивната служба.

1 од 11

Старешината Расел М. Нелсон зборува на конференцијата за печат по повод промената на возраста потребна за мисионерска служба. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

 


3 од 11

Старешината Џефри Р. Холанд зборува на конференцијата за печат по повод промената на возраста потребна за мисионерска служба. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

 

4 од 11

Старешината Џефри Р. Холанд зборува на конференцијата за печат по повод промената на возраста потребна за мисионерска служба. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

5 од 11

Старешината Расел М. Нелсон зборува на конференцијата за печат по повод промената на возраста потребна за мисионерска служба, додека старешината Дејвид Ф. Еванс гледа. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

6 од 11

Мисионерите во Центарот за обука на мисионери во Прово, Јута © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

7 од 11

Мисионерите возат велосипеди по земјен пат низ град во Гана, Западна Африка © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

8 од 11

Мормонски мисионери - Црковната мисионерска програма е една од нејзините најпрепознатливи карактеристики. Мормонските мисионери може да бидат видени на улиците на стотици поголеми градови во светот како и во илјадници помали заедници. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

 

9 од 11

Мисионери на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

10 од 11

Мисионерите учат секојдневно при подготовките за подучување на луѓето за Евангелието на Исус Христос © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

11 од 11

Мисионерите патуваат во парови и често започнуваат разговор со луѓето кои ги среќаваат на улица. © 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

Нема наслов за сликата 2 од 11

http://www.mormonnewsroom.org/article/church-lowers-age-requirement-for-missionary-service