05. October 2012

Основи на хуманитарната помош и на добротворните служби: како се користат донациите и ресурсите

Кога повеќемилионската катастрофа на Тетонската брана го погоди Ајдахо во 1976 година, армија од 45.000 светии од подоцнежните дни беа распоредени, скоро преку ноќ, за да обезбедат итна помош. Кога ураганот Катрина удри во 2005 година, мормонските камиони со хуманитарна помош пристигнаа и пред Националната гарда. Стотици волонтери со денови се справуваа при масовното излевање на нафта во Јужна Кореа кон крајот на 2007 година со планирање, материјална помош и работна сила. На земјотресот во Хаити во 2010 година беше веднаш одговорено со 72 тона храна и средства за итна помош, а еден месец подоцна, кога разорен земјотрес го погоди Чиле, веднаш авионски беа распределени шатори, церади, помошни средства, па дури и пелени.

Црквата е заинтересирана да им помага на оние кои сакаат да станат самостојни долгорочно, како и на оние на кои им е потребна непосредна помош. Откако во 2004 година цунами ја опустоши југоисточна Азија, хуманитарните служби на светиите од подоцнежните дни сè уште работеа и следните три години со локалните организации за да се обезбеди долгорочна помош и развој..http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn1  Исто така, Црквата редовно донира инвалидски колички, прави напори за обезбедување на средства за глобална имунизација, обезбедува чиста вода, обучува лекари и волонтери за програми за неонатална реанимација и нуди обука и третман за превенција од слепило за луѓето ширум светот, без оглед на расата, религијата или националноста.

Додека црковните хуманитарни напори за помош и значајните финансиски донации се познати на некои, само неколкумина сфаќаат дека тие претставуваат само мал дел од трошоците и ресурсите кои се вклучени во спроведувањето на овие иницијативи. Исто така, можеби не е доволно познато дека Црквата спонзорира многу други хуманитарни програми, вклучувајќи опсежна социјална помош, стручни и рехабилитациони советувања и други услуги. Овие услуги вклучуваат милиони донирани часови од лекарите светии на подоцнежните дни, сестрите и другите членови на Црквата, секоја година. Илјадници професионалци и волонтери ги даруваат своето време и средства на оние на кои им треба помош, без да очекуваат пофалба, публицитет или награда  за тоа.

Додека 100 проценти од посните приноси и хуманитарните донации одат директно за оние на кои им е потребна помош, режиските и административните трошоци поврзани со овие програми - освен средствата потребни за изградба на објекти за складирање, куќа и испорака на хуманитарна помош ширум светот, обука на волонтери и така натаму - се приватно обезбедени од Црквата. Денес, благодарејќи на разгранетата инфраструктура, Црквата продолжува да го намалува гладот, жедта, страдањето и сиромаштијата на милиони луѓе во светот и да ги поттикнува поединците и заедниците да станат понезависни.

Зошто даваме

Како следбеници на Исус Христос, членови на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, настојуваме да ја следиме Господовата заповед да ги нахраниме гладните, да им дадеме да пијат на жедните, да се погрижиме за туѓинците, да ги облечеме голите и да ги посетуваме болните и затворениците (види Матеј 25:35–36). http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn2  Благодарејќи на индивидуалните напори, на семејствата и на црковните програми, милиони луѓе во неволја примија материјална и духовна помош.

Една неодамнешна студија, спонзорирана од Факултетот за социјална политика и практика на Универзитетот во Пенсилванија,  фокусирана е на добротворните донации и волонтерската работа на активните светии од подоцнежните дни во Соединетите Американски Држави. Професорот Рам Кнан (Ram Cnaan) заедно со тим на истражувачи ги анализираше податоците од анкетата спроведена кај голем број светии од подоцнежните дни кои живеат низ целата земја. Врз основа на нивните наоди, авторите заклучија дека активните светии од подоцнежните дни „волонтираа и донираа значително повеќе“ од националниот просек.  „Без оглед на тоа каде живеат, великодушно ги даруваат нивното време и пари“, рече Кнан, експерт за социјална служба заснована на верата и водач на истражувањето. „Преку теологијата на покорност, пожртвованост и силна посветеност кон плаќањето на десетокот и служењето, светиите од подоцнежните дни се граѓани за пример.“”http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn5

Распределба на донациите и ресурсите

Следат неколку начини на којшто се користат ресурсите и донациите на светиите на подоцнежните дни (СПД):

Десеток

Придржувајќи се кон библиската практика за плаќање на десеток, светиите од подоцнежните дни ѝ даваат на Црквата една десеттина од своите приходи. Овие фондови се користат за:

·         Овозможување на објекти или простории за богослужба за членовите низ целиот свет. Имаме илјадници такви објекти и продолжуваме со отворање на нови, понекогаш и неколку седмично.

·         Овозможување на образовни програми, вклучувајќи и поддршка за нашите универзитети и за програмите на веронауката и на институтот.

·         Поддржување на црковната мисионерска програма низ целиот свет.

·         Изградба и водење на скоро 140 храмови низ целиот свет и управување со најголемата светска програма за семејна историја.

·         Поддршка на црковните добротворни програми и хуманитарни активности, кои им служат на луѓето низ целиот свет - и на членовите и на оние кои тоа не се.

Посни приноси

Првата недела во месецот, здравите членови на Црквата се охрабруваат да постат во текот на два последователни оброка и да ги донираат на Црквата парите кои би го потрошиле за храна. Овие средства им помагаат на луѓето во локалните заедници каде што мормонските водачи во доверливост одвојуваат средства за сиромашните, со единствена цел тие да станат посамостојни.

Хуманитарна помош

Црквата беше вклучена во повеќе од 200 акции за помош при големи катастрофи, вклучувајќи ги земјотресот и цунамито во Јапонија 2011 година, земјотресот на Хаити 2010, земјотресот во Чиле 2010, поплавите во Пакистан 2010, цунамито во Самоа 2009, тајфунот на Филипините 2009, земјотресот во Индонезија 2009, гладот во Етиопија 2008 и многу други. Секако, Црквата ги реализира овие проекти без оглед на националната или религиозната припадност на корисниците.

Кога се случуваат катастрофи, светиите од подоцнежните дни соработуваат со локалните власти за да утврдат какви и колку материјали и храна се потребни. Материјалите потоа се купуваат или се собираат локално или се испорачуваат од црковните магацини. Кога итните потреби се задоволени, Црквата бара дополнителни начини за долготрајна помош. Нашиот приод е таков што секогаш им помагаме на луѓето да станат посамостојни, подучувајќи ги на вештини и обезбедувајќи средства за да може сами да се издржуваат.

Сите овие напори се возможни благодарение на донациите на светиите од подоцнежните дни и многу други хумани луѓе и добротворни организации. Сто проценти од донациите дадени на црковните хуманитарни служби одат директно за оние на кои им е потребна помош; Црквата сама ги покрива сите свои режиски и административни трошоци.

Додека црковната хуманитарна помош при големи катастрофи привлекува поголемо медиумско внимание, светиите од подоцнежните дни се вклучени и во многу други помалку забележливи иницијативи. Освен црковната хуманитарна помош, донациите ги спонзорите постојните глобални напори. Неодамна создадената интерактивна интернет страница ldscharities.org ги прикажува локалните иницијативи и глобалните проекти кои се спроведени низ целиот свет. Локалните иницијативи се по потреба основани проекти, приспособени кон условите на одредени локации во соработка со локалните водачи. Проектите вклучуваат:

·         Обука за неонатална реанимација: се обезбедува опрема и обука за реанимација за здравствените работници и организации секоја година во земјите со висока стапка на смртност кај доенчињата.

·         Проекти за чиста вода: во соработка со локалните водачи се обезбедува пристап до чиста вода со бунари или други водоводни системи во земји кои имаат потреба за тоа.

·         Производство на храна и прехранбени иницијативи: обезбедување на обука за семејствата и за заедниците за да се зголеми продуктивноста и способноста за самоиздржување со домашно производство на храна и обука за исхраната.

·         Дистрибуција на инвалидски колички: во соработка со локалните организации се обезбедуваат инвалидски колички за лицата со специјални потреби.

·         Очни третмани: се обезбедува опрема и обука за локалниот квалификуван медицински кадар за изведување на очна хирургија и за спречување на слепилото.

·         Вакцинација на деца: во соработка со невладините организации се обезбедуваат вакцини и вакцинација за мали сипаници, голема кашлица и други заболувања.

Овие проекти не се засновани само врз донациите, туку исто така врз потребното време, напорите, стручноста и ресурсите на безбројните волонтери кои обезбедуваат обука и работна сила за извршување на овие услуги.

Добротворна програма

Додека хуманитарната помош е наменета за глобалните заедници и поединците кои не се од нашата вера, светиите од подоцнежните дни, исто така, допринесуваат за добротворната програма која првенствено е наменета за грижа за сиромашните во рамките на Црквата, иако, по одлука на епископот, локалните фондови можат, кога тоа е возможно, да помогнат во неволја и на другите кои не се од нашата вера. Овие служби работат по принципите кои поттикнуваат самостојност и самопочитување. На пример, на корисниците на оваа помош им е дадена можност да работат - во согласност со нивните способности - за возврат на помошта што ја примаат или обезбедената услуга да ја платат на друг начин. Режиските трошоци се обезбедуваат од други финансиски извори.http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn6

Донациите на членовите ги овозможуваат програмите и средствата за осамостојување, помош и итни служби. Покрај задоволувањето на потребите за храна, облека и засолниште, тука се вклучени и професионална рехабилитација и можност за вработување на граѓаните, имигрантите и бегалците, потоа, финансиско советување, служби за усвојување, како и групи за поддршка за спречување на зависност и средства за социјални, емоционални и духовни предизвици.

Поединците вообичаено зависат од црковната помош во храна три до шест месеци пред повторно да станат самостојни.

Во 2011 година имаше скоро 10.000 волонтери во мисионерска служба во добротворни активности кои обезбедуваа услуги како што се центри за вработување, подучување на англискиот како втор јазик, подучување за брак и родителство, подобрување на агрикултурната и медицинската практика и распределба на облека.http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn7

Колумнистот на Вол стрит журнал (Wall Street Journal) Наоми Шефер Рајли (Naomi Schaefer Riley) забележа дека добротворниот систем на светиите на подоцнежните дни „овозможува речиси никој да не пропадне, а во исто време да се обезбеди никој од неговите корисници да не стане доживотно зависен“.”http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn8

Постојан образовен фонд

Донациите за Постојаниот образовен фонд ги поддржуваат светиите од подоцнежните дни во некои земји вон Соединетите Американски Држави во нивните напори да се здобијат со техничко, стручно и професионално образование. Кредитите се доделуваат со минимални камати и учесниците даваат сè од себе за да ги исплатат што побрзо за да се ослободат од долгот и да овозможат парите да им бидат достапни на други на кои им е потребна помош. Отплатите од постојните учесници и донациите се користат за нови кредити за квалификувани студенти. Целиот административен трошок за Постојаниот образовен фонд паѓа на товар на Црквата, оставајќи 100 проценти од донациите да одат директно за кредити. Повеќе од 50.000 студенти беа помогнати со овие кредити, со стапка на враќање од 90 проценти.

Семејни служби на светиите од подоцнежните дни

Семејните служби на светиите од подоцнежните дни се засноваат на добротворни донации за нудење на советувачки услиги за рехабилитација од зависности, решавање на фамилијарни конфликти, злоупотреба и други проблеми за поединци, парови и семејства, според цена која семејството е способна да ја плати. Тие исто така даваат парична помош со комплетни услуги при усвојување за членовите и даваат услуги при раѓање за родителите и за семејствата (без оглед на верата).  Донациите им помогнуваат на оние кои не се во можност самостојно да ги финансираат тие услуги.

Мормонските раце што помагаат

Црквата, исто така, ја спонзорира програмата Мормонски раце што помагаат која ги собира членовите на Црквата и нивните соседи за да служат во заедницата, низ целиот свет. Во препознатливи жолти маици, овие волонтери им помагаат на луѓето чии животи се загрозени од катастрофи или други непогоди. Волонтерите, исто така, соработуваат со владата и со непрофитните организации за да ги поддржат и подобрат заедниците во кои што живеат; ги чистат парковите, ги обновуваат јавните објекти и обезбедуваат разни други услуги во заедницата. Првично започната во Јужна Америка, програмата се рашири скоро во секој дел од светот. Стотици илјади светии од подоцнежните дни и други волонтери преку оваа програма донираа милиони часови служење во нивните заедници..http://www.mormonnewsroom.org/article/humanitarian-aid-welfare-services-breakdown-donations-costs-resources - _edn9

Време

Секако, не можат сите донации парично да се измерат. Времето е скапоцен ресурс и светиите од подоцнежните дни го даруваат великодушно. Според податоците на студијата Пен, еден активен светија на подоцнежните дни волонтира 427,9 часа годишно во добротворни цели (35,6 часа месечно - од што 57 проценти е за религиозни цели). Тие во просек поминуваат 150 часа годишно служејќи во црковните социјални активности и иницијативи во заедницата, како и во црковните добротворни акции и хуманитарните програми ширум светот. Студијата покажува дека некои членови донираат дополнителни 34 часа годишно за други социјални цели кои што не се поврзани со Црквата.  Во 2011 година, скоро седум милиони работни часови беа донирани само за црковните добротворни активности.

Други донации

Светиите од подоцнежните дни се стремат да го следат советот од Светите писма да бидат ревносно ангажирани во добротворни цели. Изобилство на добри цели може да се најдат и вон програмите спонзорирани од Црквата и членовите се охрабрувани да бидат великодушни со нивното време и средства на секој можен начин. Според истражувањето Пен, еден активен светија на подоцнежните дни великодушно донира и за хуманитарни активности кои не се поврзани со Црквата.

Стремеж за добри дела

Успехот на црковната добротворна програма е поединечно признание за сите верници светии на подоцнежните дни и за нивните пријатели кои доброволно ги даруваат своите пари и време за да ги поддржат оние на кои што им треба помош.  Вкупниот износ на помош дадена преку овие напори не е објавен, но е значаен според сите мерила. Како што повеќе независни студии покажаа, не постои сомнение дека светиите на подоцнежните дни се дарежливи во однос на нивното време и средства.  Што е најважно, светиите на подоцнежните дни не даваат заради признанието од другите, туку затоа што го следат Господ Спасител Исус Христос, кој нè научи да се сакаме и да си служиме едни на други. Црквата ја има на ум опомената на Христос: „Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани.“ Во исто време, сериозно го сфаќа повикот на Спасителот: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела да Го прослават вашиот Отец небесен.“ Црковните напори за помош се стремат кон оваа рамнотежа.

­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­