27. February 2013

Организирање на мисии заради прифаќање на приливот на нови мисионери

Солт Лејк Сити ‒

Илјадници млади мисионери со ентузијазам реагираа на објавата од претседателот Томас С. Монсон во октомври 2012 година за пониската старосна граница за мисионерска служба. Како што е наведено во објавата, а подоцна повторено, Црквата работи на прифаќањето на зголемениот број на нови мисионери кои планираат да служат.

Освен претходно најавените промени во врска со времето поминато во центарот за обука на мисионери (ЦОМ) и во новиот ЦОМ во Мексико, некои од постојните 347 мисии ќе бидат поделени заради организирање на дополнителни 58 мисии. Црквата периодично отвора, затвора и поделува мисии ширум светот заради прифаќање на зголемениот и намалениот број на мисионери, како и заради други потреби. Новите мисии ќе функционираат во истите подрачја кои ги опфаќаат постојните мисии. За мисионерска работа не се отвораат нови земји или територии. Овие нови мисии ќе придонесат за зголемување на вкупниот број на црковни мисии на 405.

„Воодушевениот одговор на промената на старосната граница за мисионерска служба им даде на илјадници млади луѓе повеќе можности за служење и тие реагираа со неверојатна вера”, рече старешината Расел М. Нелсон, претседател на Извршниот мисионерски совет.

Мисионерската програма на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни е една од нејзините најпрепознатливи карактеристики. Мисионерите можат да бидат видени на улиците на стотици поголеми градови во светот, како и во илјадници помали заедници. Мисионерските напори се засновани врз моделот од Новиот завет на мисионери кои што служат во парови, подучуваат за Евангелието и ги крштаваат верниците во името на Исус Христос.

1 од 3

Мисионерите на Храмскиот плоштад ја слушаат априлската генерална конференција. © 2011 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани.

2 од 3

Пар на мормонски мисионери© 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани.

3 од 3

Сестри мисионерки© 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани.

www.mormonnewsroom.org/article/missions-created-accommodate-influx-new-missionaries