23. January 2013

Одговорот на објавата за мормонската мисионерска возраст и понатаму е ентузијастичен и без преседан Солт Лејк Сити ‒

Кендис Ричинс беше во средината на нејзината бруцошка сезона во женскиот одбојкарски тим на Државниот универзитет во Јута, кога дојде објавата од претседателот на црквата претседателот на Црквата Томас С. Монсон:  жени можат да служат мисии на возраст од 19, а мажи на возраст од 18 години. Иако беше воодушевена од можноста за порано служење на мисија, Ричинс - која планираше да му се придружи на тимот во 2013 година - беше загрижена, затоа што нејзината стипендија и местото во тимот не би биле загарантирани кога би заминала.

 Неколку дена подоцна, за време на религиската настава блиску до кампусот, Ричинс знаеше што треба да направи. „Почувствував поттик дека треба да одам, и тоа веднаш“, рече Ричинс која ќе ја почне својата мисионерска служба во март во Стокхолм, во Шведска. „Се решив токму тогаш и таму да одам и не ми беше важно што оставам зад себе; ќе одам да му служам на Господ. Тоа дефинитивно беше тешка одлука бидејќи не само што ме погодуваше мене, туку и мојот тренер, моите соиграчи, целото училиште…  Но, истовремено знаев дека тоа е исправно, дека тоа што го правам е коректно и дека сите ќе бидат благословени за тоа.“

Исто како и искуството на Ричинс, одлуката да се откажат од сè не е лесна ни за еден млад маж или млада жена во Црквата. Сепак, одговорот на објавата од 6 октомври и понатаму останува ентузијастичен и бројот на млади мажи и жени кои продолжуваат да ги пополнуваат пријавите за мисионерство е без преседан.

„Никогаш немам видено нешто толку да влијае врз една генерација на млади луѓе како она што го објави претседателот Монсон на Генералната конференција во сабота наутро“, рече старешината Дејвид Ф. Еванс, извршен директор на Мисионерскиот оддел на Црквата и член на Седумдесетте. „Она што го гледаме е апсолутно огромна реакција од оваа генерација на повикот на Господ и на Неговиот пророк да одат да му служат на ближниот и да го проповедаат Евангелието.“

Во следните неколку недели по објавата за мисионерската возраст, Црквата соопшти дека пријавите за мисионерска служба драстично се зголемија (од 700 пријави неделно на 4.000), со тоа што жените чинат повеќе од половината пријавени кандидати. Додека бројот на пријавите по објавата сè уште е двојно поголем од оној во минатото, вкупниот број на пријавени мажи и жени од октомври сега е скоро изедначен. Пред објавата, околу 15 отсто од мисионерите беа млади жени.

Што прави Црквата за прифаќање на повеќе мисионери

Црквата управува со 347 мисии низ светот, секоја со просечно 170 мисионери.  За да се прифати овој нов прилив на мисионери, капацитетот на многу мисии ќе се зголеми на 250 мисионери. Кога ќе се надмине тој број, најверојатно по потреба ќе се создадат нови мисии.

Говорејќи им на мисионерите во Мисионерскиот центар за обука на Божиќ, старешината Расел М. Нелсон од Кворумот на Дванаесетте апостоли ги отфрли лажните озборувања дека мисиите се отвораат на подрачја кои што моментално не се отворени за мисионерска работа.  „Таквите озборувања се апсолутно лажни. Отфрлете ги!“ рече старешината Нелсон. „Водачите на оваа Црква влегуваат во држави кои што се нови за Црквата низ главната врата. Ние не влегуваме на задна врата, ниту по околен пат. Нашите односи се засновани на чесност, отвореност, интегритет и потполна согласност со месните закони.“

Претседателите на мисиите се подготвуваат за зголемениот број обучувајќи ги своите мисионери кои што веќе служат, за тие да можат да ги обучуваат новодојдените мисионери. Претседателите на мисиите, исто така, гледаат како може подобро да се распоредат мисионерите во рамките на границите на секоја мисија. Иако одговорноста на претседателите на мисиите се зголемува, старешината Еванс истакнува дека тоа нема да биде прекумерно.

„Ние имавме многу мисии со 220 до 250 мисионери во текот на историјата на модерната Црква на различни места“, рече.

Бидејќи Црквата во 48 земји веќе има дозволено некои мисионери да служат на возраст од 18 години во неколкуте последни години, најголемиот прилив на мисионери од објавата во октомври ќе дојде од земји каде што не важеше помладата возрасна граница - вклучувајќи ги Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Канада и Јапонија.

Исто така, приспособувања ќе се направат во секој од 15-те црковни Мисионерски центри за обука (МЦО). Времето на обуката на истојазичните мисионери и на оние кои учат странски јазик ќе биде намалено за 30 отсто - оние кои не учат странски јазик ќе останат во Мисионерскиот центар за обука две недели наместо три, а на оние кои учат странски јазик престојот во Мисионерскиот центар за обука ќе им се намали за две недели.

Две неодамнешни случувања го овозможија намалувањето на престојот во Мисионерскиот  центар за обука. Прво, црквата започна 12-неделена програма за теренска обука на мисионери пред една годна - пред било кој да знае за објавата за мисионерската возраст - во која голем дел од обуката што се одвива во Мисионерскиот центар за обука одново се учи и се засилува со обука на терен. Второ, неколку месеци пред објавата за мисионерската возраст, Црквата започна студија која што покажува дека е можно да се подобри способноста на мисионерите да научат друг јазик праќајќи ги на мисија порано. Овие две промени ќе се случеа со или без објавата за мисионерската возраст.

За да се зголеми капацитет на Мисионерскиот центар за обука, секој центар за обука треба максимално да го користи својот празен простор, вклучувајќи и ставање на повеќе кревети на кат во секоја соба. На пример, црковниот водечки Мисионерски центар за обука во Прово, во Јута, ќе го зголеми капацитетот од 3.000 на 4.800 во краток рок. Долгорочните планови исто така се разгледуваат. Иако во средината на октомври црковните водачи одлучија да не се започне со изградбата на деветкатната зграда првично предложена за Мисионерскиот центар за обука во Прово, сепак сè уште се во тек плановите за долгорочно зголемување на капацитетот на центарот.

„Нерушењето на објектите кои би биле срушени за да се изгради таа деветкатната зграда се покажа како голем благослов на краток рок“, рече старешината Еванс, „бидејќи она што би го направиле би го намалил капацитетот на краток рок“.

Иако многу повеќе мисионери ќе бидат во Мисионерскиот центар за обука истовремено во исти објекти, извршниот директор на Мисионерскиот оддел Стефан Б. Ален вели дека обуката на секој мисионер ќе биде подеднакво добра, ако не и подобра.

„[Ние] сакаме да бидете сигурни дека престојот во Мисионерскиот центар за обука за секој мисионер ќе биде големо искуство“, рече Ален. „Тоа нема да биде разводнето искуство; нема да биде поевтинето искуство. Тоа ќе биде големо духовно искуство на учење, време на откровение додека учат како да бидат мисионери.“

 Благодарност за флексибилност на опциите за запишување на факултет

Ефектот од објавата за мисионерската возраст, исто така, има значително влијание врз бројот на запишувања на универзитетите во Јута и на други места.

Старешината Еванс нагласи дека Црквата им е многу благодарна на универзитетските администратори кои што презедоа чекори да ги прифатат младите мажи и жени кои што избраа да служат. На пример, на крајот на ноември Универзитетот во Јута ја објави новата политика за одложено запишување која што им овозможува на студентите да го одложат почетокот на своето школување до седум семестри. А во октомври Државниот универзитет во Јута назначи работна група која ги разгледува стратегиите кои што универзитетот може да ги примени за најдобро да се приспособи кон оние кои избраа да служат мисија.

„Чекорите преземени од универзитетите се едноставно прекрасни“, рече старешината Еванс. „Нивната подготвеност да се разгледа позицијата на Црквата и потоа да се побара начин како да се прифатат младите луѓе од Црквата во надеж дека ќе се вратат во тие институции откако нивните мисии ќе бидат завршени е особено благородна, и ние би биле несовесни кога не би ја изразиле нашата благодарност кон секој универзитет кој го прави тој чекор.“

Ричинс вели дека нејзината мисионерска служба ќе ѝ помогне да стане подобар студент откако ќе се врати.

„Се надевам дека кога ќе се вратам ќе бидам различна, ќе се променам“, изјави. „Ќе работам посилно, ќе бидам повредна во училиште, ќе развијам повеќе мои таленти и се надевам дека тоа повеќе ќе ме развие како личност.“

Миранда Рекис, која исто така ја искористи можноста за помлада возраст и наскоро ќе стане мисионер во Осорно, Чиле, се согласува со тоа. Таа вели дека мисионерската служба ќе ѝ помогне „да созрее, за да го сфати… студирањето сериозно“ кога ќе заврши мисијата.

Повеќе прилики за мисионерска служба

Не е тајна дека сè повеќе млади жени доброволно се јавуваат за мисионерска служба после 6 октомври. Црковните водачи се многу благодарни за нивната волја да служат. На конференцијата за новинари по повод објавата, црковниот апостол Џефри Р. Холанд рече дека тој е „апсолутно одушевен од промената во политиката која што им овозможува на многу повеќе млади жени да служат“, истакнувајќи дека „оние [жени] кои служат се неверојатно успешни“.

Црковните водачи, исто така, се радуваат што повеќе млади луѓе од Црквата - мажи и жени - сега имаат можност да служат мисија.

„Тоа е повикот на љубовта од Господ кон целото ова поколение“, вели старешината Еванс.  „Она што исто така би го кажал е тоа што и во Светите писма е јасно, а мислам и дека Првото претседателство и Дванаесетте јасно го кажаа… сите сме еднакви пред Бога.“

__________________________________________________________________________________________

1 од 11

Мисионерите зборуваат со жена во Хонгконг. Како одговор на објавата од 6 октомври 2012 година за помладата мисионерска возраст, претседателите на мисиите низ светот се подготвуваат за зголемениот број на мисионери обучувајќи ги своите мисионери кои веќе служат да можат да ги обучуваат новодојдените мисионери© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

2 од 11

Мисионерките се подготвуваат во Мисионерскиот центар за обука во Прово, во Јута. Во следните неколку недели по објавата за мисионерската возраст на 6 октомври 2012, Црквата објави дека пријавите за мисионерска служба драстично се зголемија (од 700 пријави неделно на 4.000), а жените чинат повеќе од половината пријавени кандидати© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

3 од 11

Мисионерите учат шпански во Мисионерскиот центар за обука во Прово, во Јута. Времето на обуката за истојазичните мисионери и за оние кои учат странски јазик наскоро ќе биде намалено за 30 отсто - оние кои не учат странски јазик ќе останат во Мисионерскиот  центар за обука две недели наместо три, а на оние кои учат странски јазик ќе им се намали престојот во Мисионерскиот  центар за обука за две недели© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

4 од 11

Денот за перење во Мисионерскиот центар за обука е и прилика за пишување писма дома и проучување на Евангелието© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

5 од 11

Мисионерките поучуваат за Евангелието во Африка. Во следните неколку недели по објавата за мисионерската возраст на 6 октомври 2012, Црквата објави дека пријавите за мисионерска служба драстично се зголемија (од 700 пријави неделно на 4.000), а жените чинат повеќе од половината пријавени кандидати© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

6 од 11

Мисионерка негува стара жена во Колумбија.  Говорејќи за општиот одговор на објавата за помлада мисионерска возраст, старешината Дејвид Ф. Еванс вели: „Она што го гледаме е една апсолутно огромна реакција од оваа генерација на повикот од Господ и од Неговиот пророк да одат да му служат на ближниот и да го проповедаат Евангелието“© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

7 од 11

Мисионерите одат низ улиците во Африка. Црквата управува со 340 мисии низ светот, секоја со просечно 170 мисионери.  За да се смести новиот прилив на мисионери како резултат на објавата од 6 октомври 2012 година за помлада мисионерска возраст, капацитетот на многу мисии ќе се зголеми на 250 мисионери. Кога ќе се надмине тој број, по потреба ќе се создадат нови мисии© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

 8 од 11

Во кафетеријата во Мисионерскиот центар за обука, мисионерите можат да се хранат здраво и да јадат избалансирани оброци додека изградуваат меѓусебно пријателство© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

9 од 11

Во клиниката во Мисионерскиот центар за обука, мисионерите можат да го одржуваат своето здравје за да можат да одговорат на барањата на презафатениот распоред© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

10 од 11

Мисионерите се радуваат на секое писмо од нивните семејства и од пријателите додека служат во Мисионерскиот центар за обука© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.

 

11 од 11

Мисионерскиот центар за обука во Прово, Јута. Времето за обуката на мисионерите ќе се намали за 30 отсто за да се помогне во приспособувањето кон приливот на мисионерите кои доаѓаат како резултат на објавата од 6 октомври 2012 година за помлада мисионерска возраст© 2012 by Intellectual Reserve, Inc. Сите права се задржани.