07. March 2013

Апостолот Џефри Р. Холанд ја посети Европа

Старешината Џефри Р. Холанд – член на Кворумот на Дванаесетте апостоли, второ по ранг највисоко претседавачко тело во Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни – неодамна беше во посета на неколку европски земји.

Неговата посета започна во саботата, на 23 февруари во Апелдорн, Холандија, каде што зборуваше на состанокот на неколку заедници во подрачјето Апелдорн.

Според Лизет Далига, член на црковната заедница во близината на Цволе, старешината Холанд им зборуваше за членовите за важноста на ширењето на верувањето на Црквата и се осврна на скорешното создавање на 58 нови мисии на Црквата низ светот.

„Старешината Холанд го нагласи фактот дека црковната работа не се одвива во црковните згради, туку токму спротивното“, рече Далига. „Христос им зборуваше на луѓето на улиците, плоштадите и покрај брегот на езерото. На сите им е потребно Евангелието (и) ние треба да ги подадеме нашите раце кон нив.“

Далига изјави дека оние кои присуствуваа на обраќањето на старешината Холанд уживаа во пораките на љубов и вдахновение што тој ги сподели.

Во Англија беше на 25 и 26 февруари, кога им се обрати на мисионерите од Центар за обука на мисионерите, се сретна со неколку членови на парламентот и учествуваше на меѓуверска вечера и на фокусна група за помош. Клифорд Хербертсон, црковен водач од Велика Британија, изјави: „Еден важен дел од посетата на старешината Холанд во Лондон беше тоа што се сретна со влијателни политички и верски водачи, и водачи на заедницата. Еден посебен настан, приватната вечера што се одржа во лондонскиот центар на Универзитетот Бригам Јанг, создаде опиплива добра волја и разбирање, што беше препознаено и ценето од сите присутни.  Вратите што се отворија во текот на посетата на старешината Холанд ќе донесат благослов во многу животи“.

Старешината Холанд исто така ја посети лондонската капела Хајд Парк, која што неодамна беше преуредена во црковна зграда за средби и центар за посетители заинтересирани да научат за светиите од подоцнежните дни. Зградата беше повторно осветена на 30 јуни 2012 година.

Посетата на капелата Хајд Парк беше особено значајна за него зашто тука тој ги заврши двете мисионерски години во Британија во раните 1960-ти години.

„Прекрасно сеќавање е само да се биде во оваа зграда… Бев во оваа зграда кога беше осветена, така што спомените од оваа зграда и оваа мисија многу ми значат“, рече старешината Холанд во текот на посетата. „Јас патувам низ цел свет кажувајќи им на мисионерите колку многу мојата мисија мене ми значеше и да се биде дома, да се биде во земјата на мојата мисија и во зградата во која што служев толку многу, е сосема посебно искуство.“

За повеќе информации околу посетата на старешината Холанд на капелата Хајд Парк, посетете го youtu.be/wlewN3eXqyc.

Тој помина и неколку дена во Германија каде што ги подучуваше претседателите на мисиите во текот на семинарот во Франкфурт од 28 февруари до 1 март. На 2 март им се обрати на членовите на Црквата во Берлин и исто така присуствуваше на фокусната група за помош.

Старешината Холанд го заврши својот престој во Германија зборувајќи пред членовите на Црквата од заедниците во Лист и Потсдам во текот на неделните состаноци на 3 март. Тој рече дека мисли дека тој е првиот член од Кворумот на Дванаесетте апостоли кој што ги посетува овие заедници и дека се чувствува како дома.

Зборуваше за важноста на заедницата во работата на светиите од подоцнежните дни, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на мисионери и градењето на храмови ширум светот и ги увери членовите дека секоја работа што ја прават е важна. 

Вивиен Меер, член на заедницата во Потсдам, рече дека е благодарна што старешината Холанд ја посети нејзината заедница.

„Бев многу изненадена кога слушнав дека доаѓа, и истовремено многу среќна“, рече Меер. „Неговата порака навистина ме допре во срцето… Сите ние бевме во поинаква димензија слушајќи го неговиот говор. Се чувствувавме толку добро и среќно.“

Старешината Жозе Тешеира, претседател на Црквата во подрачјето Европа, рече дека присуството на старешината Холанд во Европа беше посебно искуство за сите учесници.

„Како што патувавме низ Европа со старешината и со сестра Холанд, ја видовме добрината на апостол на Господ“, рече старешината Тешеира. „Особено членовите на разграноците во Германија, во Лист и во Потсдам, никогаш нема да заборават дека е благослов да се има старешината Холанд во нивната средина и благословот и љубовта што тој им ја остави.“