05. March 2013 |
Секоја година, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни дава итна помош за луѓето во целиот свет погодени од природни катастрофи, војна и глад. Само неколку часа по катастрофата, Црквата почнува соработка со локалните власти за да утврди какви и колку материјали и храна се потребни. Им се помага на сите кои страдаат, без оглед на националноста или верската припадност.
Во текот на 2012 година, Црквата им даде на жртвите на 104 катастрофи во 52 земји стотици илјади килограми храна, вода, облека, здравствени материјали, хигиенски прибор и други потребни предмети. Освен тоа, локалните црковни водачи организираа илјадници членови волонтери за да им дадат помош на погодените од катастрофите, со повеќе од 1,3 милиони донирани волонтерски часови (со проценета вредност од 28 милиони американски долари).
„Како членови на Црквата, го следиме Исус Христос и неговиот пример, помагајќи им на сите оние на кои им е потребна помош“, рече Стив Петерсон, директор на црковната Добротворна служба, која вклучува хуманитарна помош и реакции на катастрофи.
Најопсежната хуманитарна акција на Црквата во 2012 година беше реакцијата на ураганот Сенди. Приближно 28.000 членови на Црквата донираа скоро 300.000 часови служба во своите заедници, работејќи заедно со соседите на чистењето на отпадот по Источниот брег. Членовите на Црквата исто така помагаа во делењето на храна, вода, облека, хигиенски средства, лопати, генератори, пумпи за вода и други предмети.
„Кога Црквата реагира на катастрофи, ние овозможуваме средства и волонтери, но самите хуманитарни активности се одвиваат во партнерство помеѓу нашите членови, нивните соседи и целата заедница“, рече Лин Самсел, директор на црковната Служба за итна помош.
Освен во случајот на ураганот Сенди, големи хуманитарни акции на Црквата во 2012 година се одвиваа и во Сирија (граѓански немири), на Филипините (тајфун), во Соединетите Држави (торнадо) и во Јапонија (продолжување на давање на помош заради земјотресот и цунамито во 2011 година). Црковните активности во овие подрачја опишани се во долниот текст, после што следи попис на сите реакции на Црквата на катастрофите во 2012 година.
Сирија ‒ Граѓански немири и криза со бегалци
Филипини ‒ Тајфуни
Соединетите Држави ‒ Торнадо
Јапонија ‒ Помош по земјотресот и цунамито
Реакции на катастрофи според видот
Оваа табела прикажува попис на реакциите во 2012 година според видот на катастрофата:
Вид на катастрофата Број на реакции
Поплави/лизгање на земјиштето 31
Ураган/тајфун/циклон 5
Тешко невреме 16
Земјотреси 6
Пожари 10
Глад 3
Бегалци/раселени лица 6
Болести 1
Торнадо 6
Друго 17
Вкупен број на реакции 104
Реакции на катастрофи по држави: Следната табела прикажува попис на држави и региони кои примиле помош, според видот на катастрофата која се случила:
Држава/регион Природни катастрофи
Авганистан Тешко невреме
Аргентина Тешко невреме, торнадо
Боливија Материјали за итна помош
Босна и Херцеговина Тешко невреме
Бразил Поплави
Буркина Фасо (горна Волта) Бегалци/раселени лица
Камбоџа Тешко невреме
Чад Бегалци/раселени лица
Колумбија Тешко невреме
Куба Ураган
Доминиканска Република Ураган, поплави
Еквадор Поплави/одрони
Фиџи Поплави, тешко невреме
Грција Храна и материјали за итна помош
Гватемала Земјотрес, суша, бегалци/раселени лица
Хаити Долготрајна помош после земјотреси, поплави/одрони
Хондурас Поплави
Индија Поплави
Индонезија Пожари
Италија Земјотреси
Јапонија Долготрајна помош после поплави
Јордан Бегалци/раселени лица
Косово Тешко невреме
Лаос Поплави
Лесото Тешко невреме
Мадагаскар Ураган/циклон/тајфун
Мали Глад, граѓански немири
Црна Гора Тешко невреме
Нова Каледонија Поплави
Северна Кореа Поплави, глад
Панама Поплави
Папуа Нова Гвинеја Материјали за итна помош
Парагвај Поплави/одрони
Перу Материјали за итна помош
Филипини Земјотреси, Поплави
Република Конго Експлозии предизвикани од пожари
Романија Тешко невреме
Русија Поплави
Руанда Поплави
Света Луција Ураган/циклон/тајфун
Самоа Тешко невреме
Словенија Поплави
Држава/регион Природни катастрофи
Јужна Африка Тешко невреме
Јужен Судан Поплави
Тајван Тешко невреме, поплави
Тринидад и Тобаго Тропска депресија
Турција Бегалци/раселени лица
Уганда Пожари
Соединети Држави Торнадо, поплави, ураган. тешко невреме, пожари
Уругвај Торнадо
Венецуела Материјали за итна помош
Зимбабве Глад
Сестри мисионерки од Њујорк, мисија Њујорк југ, помагаат при расчистувањето после нападот на ураганот Сенди на островот Статен Ајленд.© Сите права придржани. | |
2 од 8 | Мормонски мисионер од Њујорк, мисија Њујорк југ, собира отпадоци во Вели Стрим, околина на Њујорк, после ураганот Сенди, среда 31 октомври 2012 г.© Сите права придржани. |
3 од 8 | Светиите од подоцнежните дни расчистуваат после уништувањето предизвикано од ураганот Сенди на островот Статен Ајленд.© 2012 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани. |
4 од 8 | Волонтери на организацијата Мормонски раце што помагаат при расчистување на дрвјата и отпадоците после тајфунот Пабло на Филипините.© 2013 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани. |
5 од 8 | Волонтерите светии од подоцнежните дни составуваат 30.000 хигиенски пакети во Јапонија. Пакетите се поделени во засолништата, а ги содржеа основните хигиенски средства како што се сапуни, крпи, четки за заби, забни пасти и чешели.© 2011 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани. |
6 од 8 | Куќи во урнатини откако беа до темел срушени во силното цунами во близина на Ишиномаки, Јапонија. © 2011 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани. |
7 од 8 | Водачот на Црквата во Северна Каролина, Џозеф Кетлет, помага при расчистувањето на срушените дрвја откако торнадо го погоди тоа подрачје.© 2011 Intellectual Reserve, Inc. Сите права придржани. |
End of Translation but leave links on document
www.mormonnewsroom.org/article/church-responds-to-over-100-disasters-in-2012--including-sandy
Реакција на Црквата на катастрофите во 2012 година:
Ураган Сенди
Почетна изјава
http://www.mormonnewsroom.org/article/hurricane-sandy-local-mormons-assist
Брза реакција
http://www.mormonnewsroom.org/article/mormon-helping-hands-clean-up-after-sandy
Реакција во првата седмица
Видео на член на Црквата
http://www.mormonnewsroom.org/article/mormon-helping-hands-hurricane-sandy-video
Трајни активности
http://www.mormonnewsroom.org/article/sandy-cleanup-update
Проекти во текот на викендот на Денот на благодарноста
Продолжување на активностите
http://www.mormonnewsroom.org/article/mormons-continue-aid-for-sandy-disaster-into-new-year
Филипини
Поплава во Манила
http://www.mormonnewsroom.org/article/church-providing-aid-after-devastating-flooding-in-manila
Тајфун Пабло
http://www.mormonnewsroom.org/article/mormons-respond-typhoon-pablo
Торнада во Соединетите Држави
http://www.mormonnewsroom.org/article/one-hundred-tornadoes-afflict-southern-midwest-united-states
Земјотрес и цунами во Јапонија: Една година подоцна