08. September 2014

Благословување на генерации - Конференција на жените во подрачјето Европа

Жените на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни се собираат за да учествуваат на Конференцијата на жените во подрачјето Европа.

Сестрата Силке Лангнер, претседателка на Друштвото за помош во колот Франкфурт, ќе ја води Конференцијата и ќе биде една од говорниците.

Канарски острови

Грција

Полска

Албанија

Унгарија

Белгија

Германија

На 9 септември 2014 година од 19:00 до 21:00 часот (централно европско време) жените на возраст од 8 години и постари ќе се соберат низ цела Европа за да примат пораки на љубов и вдахновение од локалните и светските водачи на Црквата.  Говорници ќе бидат сестрите од Европа и генералните авторитети кои ќе бидат во посета.  Старешината М. Расел Балард ќе го води состанокот и се радува за можноста да соработува со сестрите од различна возраст и потекло.

Старешината Жозе А. Теишеира, претседател на подрачјето Европа, рече:

„Можноста да им се придружиме на сестрите е посебна привилегија.  Тоа е повод да им оддадеме почит на нивните единствени дарови и таленти.  Сестрите им носат цел и насока на семејствата, чувствителност и служење за заедниците, како и сила и солидарност на народите.“

Сестрата Силке Лангнер, која исто така ќе биде говорник, додаде:

„Квалитетот на силата и лидерството кај жените доаѓа од даровите дадени од Бога за водство и благословување на генерациите.  Она што мислиме и правиме секој ден е важно, не само за нас, туку и за секој живот што го допираме и врз кого влијаеме.“

Преносот на оваа средба од Офенбах во Германија ќе се емитира во сите верски собиралишта низ Европа.  Сите жени на возраст од 8 години и постари се поканети да се соберат во нивните капели според упатствата на локалните црковни водачи.