01. September 2014

FamilySearch помага за зачувување на историското наследство на Босна и Херцеговина

Група на Балкански експерти започнаа со дигитализација на архивите на некои водечки културолошки институции на Босна и Херцеговина. Благодарение на Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина.

Некои од документите кои ќе се дигитализираат беа тешко оштетени од пожар.

Д-р Џејмс Лион, основач на Фондацијата за заштита на историското минато, за време на конференција за печат го најавува проектот.

Бројни историски документи кои зборуваат за богатото културолошко минато на Босна и Херцеговина ќе бидат архивирани и сочувани за идните генерации. Балканските експерти од Фондацијата за заштита на историското наследство (ФЗИН) започнаа повеќегодишен проект за дигитализација на оштетената граѓа на некои водечки културолошки институции на Босна и Херцеговина. Значајна поддршка за проектот дојде од FamilySearch, непрофитна организација спонзорирана од Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни.

FamilySearchја снабди Фондацијата со најмодерна опрема и софтвер за дигитализација, заедно со техничка обука и експертиза за поддршка на проектот. Организацијата активно прибира, зачувува и споделува генеалошки и други историски записи низ целиот свет повеќе од 100 години. 

„Соодветно е тоа што на 100 годишнината од атентатот во Сараево, кој предизвика трагедија во глобални размери, FamilySearch придонесува за сеќавање на настанот кој го промени светот и за зачувување на документи во врска со тоа“, рече ТорбенЕнгбјерг, одговорен за архивски работи во FamilySearch за Босна и Херцеговина.

Овој проект ќе помогне да се зачува богатото наследство на мултикултурална, мултиверска земја која има доживеано три војни во последните 100 години. Овие записи инаку би можеле да бидат загубени засекогаш“, рече основачот на Фондацијата д-р Џејмс Лион, познат балкански научник и аналитичар. Д-р Лион е истражувач соработник во Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитетот во Грац и професор на Американскиот универзитет во Косово.

Фондацијата веќе започна дигитализација на архивите на Националната библиотека и на Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, како и на најстариот дневен весник на Босна и Херцеговина, Ослободување (Oslobođenje).

Иницијативата привлече големо внимание на медиумите. Меѓу медиумите кои известуваат за работата на дигитализација се Reuters, TheBosniaTimes, NewsDaily и бројни државни и месни новини од Балканот.