23. September 2014

Старешината Балард и старешината Беднар посетија седум европски земји

Двата апостоли на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни ги посетија верниците во седум европски земји во периодот од 6 до 14 септември 2014 година. Старешината М. Расел Балард и старешината Дејвид А. Беднар учествуваа на собирите и конференциите со жените, младите возрасни самци, мисионерите, водачите на заедниците и со другите членови, со цел да ги едуцираат и подучат.

Старешината Балард и старешината Беднар се членови на Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни. За време на нивната посета на Европа, беа придружени од старешината Доналд Л. Халстром од претседателството на Седумдесетте, како и од старешината Жозе А. Теишеира, старешината Патрик Кирон и старешината Тимоти Џ. Дичес од претседателството на подрачјето Европа.

„Посетата на старешината Балард и старешината Беднар беше пресвртница за многумина кои ги слушна нивните зборови. Мажите и жените ја обновија својата посветеност да го следат Исус Христос и да извршат добро влијание во светот“, рече старешината Теишеира.

За време на посетата, старешината Балард и старешината Беднар се сретнаа со членовите на Црквата во Данска, Финска, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Швајцарија. Илјадници се собраа да го слушнат нивниот совет.

Службата на апостол е највисоката свештеничка служба во Црквата. Апостолите служат доживотно и се посебни сведоци на Исус Христос пред светот.  Тие служат во највисоките управни органи на Црквата.