ОРГАНИЗАЦИЈА И АДМИНИСТРАЦИЈА

Една од најзначајните карактеристики на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни е фактот што администрацијата на единаесет милиони членови се остварува речиси целосно преку волонтерска работа.

Одговорноста за администрацијата ширум светот, надзорот и креирањето на правилата му припаѓа на претседателот на Црквата, на неговите двајца советници и на Советот на Дванаесетте апостоли.   Овие генерални авторитети живеат во Солт Лејк Сити, Јута, САД, каде што е седиштето на Црквата.   Првото претседателството и Дванаесетте често патуваат низ светот и се среќаваат со локалните водачи и членови.

За административни цели, Црквата го има поделено светот на 30 подрачја.   Искусни црковни водачи се доделуваат за супервизија на црковните активности во тие подрачја.

Албанија, Австрија, Бахреин, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Египет, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Иран, Ирак, Јордан, Косово, Кувајт, Либан, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Оман, Полска, Катар, Романија, Саудиска Арабија, Словачка, Словенија, Шведска, Швајцарија, Сирија, Обединетите Арапски Емирати и Јемен припаѓаат на Централното европско подрачје.

Окружниот претседател води округ, кој обично се состои од неколку стотици членови на Црквата.  За да му се помогне во администрацијата, голем број на окружни службеници се назначени од страна на окружниот претседател за да помогнат во обуката и надзорот над раководството на локално ниво.  Окружниот претседател и сите службеници во окрузите и разграноците се волонтери.  Повеќето членови - мажи, жени и млади - имаат некој вид на служба или одговорност.   Ова вклучување на целото членство во администрирањето на локалната конгрегација е значајно обележје на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни.  Одговорностите при служењето можат да вклучат администрација, советување, подучување (возрасни, млади или деца), куќни посети, мисионерска работа или организација на друштвени активности или на проекти на служење.
 
На чело на локалната конгрегација стои претседател на разгранокот.   Обично тој е семеен човек и, како и сите други службеници, не е платен.  Додека продолжува да заработува за својот живот во својата избрана професија, голем дел од своето слободно време во текот на вечерните часови и за време на викендите го посветува на служење на локалното црковно членство.  

Основна единица на тоа членство е семејството.  Црквата подучува дека вредностите и стандардите најдобро можат да бидат подучени, споделени и покажани во семејството.  Силен акцент е ставен на родителските одговорности, со Црквата како еден од главните ресурси за помош  на секој член на семејството во неговиот социјален, емотивен, интелектуален и духовен развој.