ОСНОВНИ ВЕРУВАЊА

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, чии членови понекогаш се познати како „Мормони“, се смета себеси за единствена христијанска црква овластена од Исус Христос.  Со своите верувања, учења, надлежност и структура, Црквата е одраз на изворната Христова црква основана за време на Неговата служба на земјата.   Апостолите на Христос пророкуваа дека Црквата основана од Христос ќе биде изгубена од земјата (2. Солунјаните 2:8) и дека Тој ќе ја обнови пред Неговото Второ доаѓање (Дела на светите апостоли 3:19-21). 

По Неговото вознесение на небото, Исус Христос продолжи да им објавува на Своите апостоли како тие треба да ја водат Неговата Црква.


Сепак, по нивната смрт дојде до значително одвојување од вистината, без оглед на праведните напори на многу верници.  На крај, овластувањето и вистините поврзани со Црквата основана од Христос исчезнаа. 

Во 1820 година, Исус Христос започна да ја обновува Својата Црква преку пророкот Џозеф Смит. Од скромните почетоци, Црквата израсна во светска организација со скоро 14 милиони членови. 

 

Повеќе за „Основните верувања“