БОГОСЛУЖБИ

Најважната служба за поединецот и за семејството е неделниот сакраментален состанок.  Се одржува секоја недела во капелата и трае околу 70 минути.  Гости се срдечно добредојдени.  Секој сакраментален состанок е семејна служба која ги вклучува децата.  

Службата ги има следните елементи: 

  • Црковни песни:  сите собрани верници пеат црковни песни. 
  • Молитви:  ги кажуваат локалните членови на Црквата. 
  • Благословување и послужување на сакраментот:  сакраментот (се состои од симболите леб и вода) им се послужува на собраните верници. 
  • Говорници:  Обично постојат двајца или тројца задолжени говорници на состанокот кои зборуваат за евангелиск итеми поддржани од Светите писма. 
  • Никакви донации не се собираат на службите или на црковните состаноци.

Други состаноци

  • Гости се срдечно добредојдени на другите средби, кои се одржуваат пред или после сакраменталниот состанок.
  • Наставата во Неделното училиште се организира за секоја возрасна група од 12 години нагоре.
  • Малото училиште се состои од општ состанок и настава за возрасни групи на деца од 3 до 11 години.
  • Постојат и Детски јасли за деца од 18 месеци до 3 годишна возраст.
  • Организацијата Млади жени нуди настава за девојки на возраст од 12 до 17 години.
  • Жените постари од 18 години се среќаваат во Потпорното друштво.
  • Состаноците на свештенството вклучуваат настава за возрасни групи на момчиња од 12 години нагоре и за возрасни мажи.

Облека

Присутните обично носат неделна облека - мажите носат костуми или панталони и јакна со вратоврска, а жените фустан или сукња.  Децата се исто така во неделна облека.