ИСУС ХРИСТОС

Исус Христос е Син Божји.  Под водството на Бога Отецот, Исус Христос ја создаде земјата (Јован 1:10; Евреите 1:2).  Тој е Спасител на целото човештво. 

Кога Исус живеел на земјата пред околу 2000 години, водеше совршен живот.  Подучуваше со збор и пример како човек треба да живее и да го сака Бога и своите ближни.  Тој воспостави црква (Ефесјаните 4:11-14) и остави организиран систем на верување познат како Евангелието на Исус Христос.
 
На крајот на својот живот Исус страдаше во градината Гетсиманија и го даде својот живот на крстот, со тоа завршувајќи го помирението. Преку помирението, сите кои Го следат ги спаси од нивните гревови (1. Петар 2:21).  Поради помирението, гревовите на луѓето им се простени ако искрено се покаат (Мормонова книга, Мосија 26:30).  

Преку Своето воскресение, Исус Христос нè спаси од смртта.  Затоа што ја совлада смртта, сите луѓе го добија дарот на воскресението (Дела на светите апостоли 24:15, 1. Коринтјаните 15:22).  По овој земен живот, Исус Христос ќе биде нашиот судија. (Дела на светите апостоли 17:31; Јован 5:21; Дела на светите апостоли 10:42).

 

Повеќе за „Исус Христос“