СВЕШТЕНСТВО И ЦРКОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни го дефинира „свештенството“ како овластување да се постапува во името на Бога.  Истото овластување кое постоело во првобитната црква основана од Исус Христос исто така постои во Црквата на Исус Христос денес.  Црквата се раководи и предводи од него. 

Сите машки членови на Црквата, кои се подготвени и се достојни, го примаат свештенството (ако е возможно, на возраст од 12 години) со цел да помогнат во водењето на Црквата и служењето за други.  Човек кој има свештенство може да служи, на пример, на следните начини:

  • преку раководење со црковна единица;
  • со извршување на светите обреди, како што се крштавање, благословување на сакраментот, потврда, 
  • со благословување на болни.

Црквата на Исус Христос е водена од Господ Исус Христос преку жив пророк.  На пророкот му помагаат два советници.  Заедно тие го формираат Првото претседателство.  На овие тројца мажи им помага Кворумот на Дванаесетте апостоли и неколку кворуми на Седумдесетмината.  Освен тоа, постојат уште и подрачни и локални водачи.  Основна единица на Црквата е семејството.  Сите програми и активности на Црквата се осмислени така што им помагаат и ги јакнат браковите и семејствата. 

 

Водство и организациска структура

Првото претседателство раководи на светско ниво.

Кворумот на Дванаесетте апостоли раководи на светско ниво.

Подрачните претседателства раководат во своето подрачје.

Окружните претседателства раководат во својот округ (= епархија).

Бискупите и претседателите на разграноците раководат со својот оддел или разгранок.

Поединец и семејство.