СВЕТИ ПИСМА

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни ги прифаќа следните дела како

канон на Светото писмо:  Библија, која се состои од Стариот и од Новиот завет. 

Мормонова книга - книга со свети писма која оди заедно со Библијата.   Оваа книга ги содржи записите на пророците во древните времиња.  Еден од нив, Лехи, живеел во Ерусалим околу 600 години п.н.е.  По Божја заповед, Лехи водел мала група до американскиот континент.  Таму се развија во голем народ со пророци.  Мормоновата книга е збирка на записите на пророците и водачите на таа цивилизација.  Името го добила по Мормон, еден од последните древни пророци.  Основната порака на Мормоновата книга, освен што е хроника на тамошните луѓе и нивните пророци, се однесува на мисијата на Исус Христос, на Неговото присуство, одредено време, меѓу луѓето во Америка по Неговото воскресение и на Неговото учење.   Заедно со Библијата, Мормоновата книга сведочи дека Исус Христос навистина живеел и дека е Божји Син и Избавител на човештвото.  

Учење и завети - збирка на божествени откровенија и вдахновени објаснувања, дадени на пророците од Бога во 19 век и понатаму, за да ја воспостават и водат Црквата во подоцнежните дни.    

Драгоцениот бисер - избор на откровенија, преводи и записи на Џозеф Смит.