ЖЕНИТЕ ВО ЦРКВАТА

Жените не се ракоположени за свештенство во Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, но имаат бројни можности да служат како водителки и учителки во разни организации на Црквата, кои се предводени од жени и на локално и на генерално ниво. Потпорното друштво (ПД) е светска организација на возрасни жени со повеќе од четири милиони членови. Сегашното претседателство го сочинуваат Бони Д. Паркин, Катлин Х. Хјуџ и Ен K. Пингри.

Во организацијата Млади жени членуваат девојки на возраст од 12 до 18 години.  На светско ниво, сегашна претседателка на оваа организација е Сузан В. Танер. Нејзини советнички се Џули П. Бек и Елејн С. Далтон.
 
Во организацијата Мало училиште се подучуваат деца на возраст од 18 месеци до 12 години.   Колин С. Менлов е претседателка на Малото училиште, а Сидни С. Рејнолдс и Гејл М. Клег се нејзини советнички.  

Секоја од овие организации има три нивоа: свет, округ и оддел.