ХРАМОВИ

За членовите на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни храмот е Господов дом, најсветото место на земјата.  Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни гради храмови (види 1. Летописи 28:1-6) за да им овозможи на луѓето да ги извршат спасителните обреди кои ќе ги зајакнат во овој живот и ќе ги подготват за животот по смртта.  Врвен свет обред е сакраментот на бракот, наречен и запечатување.  Носител на свештенството со посебно овластување го запечатува овој вечен сојуз кој продолжува по смртта и има за цел засекогаш да го обедини семејството.  

Предуслов за еден пар да биде обединет за вечност со сите нивни роднини - предци и потомци - е послушност кон правилата и заповедите, како и христијански живот кој му е мил на Бога, што локалниот бискуп го внесува во документ наречен храмска препорака која им дозволува да влезат во храмот.  

Сите други свети обреди во храмот им служат на живите и, преку застапничките обреди, на мртвите (1. Коринтјаните 15:29: 1. Петар 4:6) со подучување за вечниот развој на човекот, за Божјите намери во однос на создавањето и светите сојузи.  

Главната цел е враќање на човекот кај Небесниот Отец. 

 

Повеќе за „Храмови“