ХРАМОВИ И СЕМЕЈНА ИСТОРИЈА

За милиони луѓе кои живееле пред обновувањето на Црквата на Христос, храмските обреди не можеа да се извршат во текот на нивниот живот.  Дури и денес, милиони луѓе живеат и умираат без воопшто да слушнат за името на Исус Христос или без да имаат можност да го прифатат Неговото Евангелие.  Нешто треба да се направи за тие луѓе кои умреле без да ја добијат таа можност.

Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни подучува дека сите спасоносни обреди можат застапнички да се извршат за мртвите.  Светиите од подоцнежните дни настапуваат како замена за нивните предци во овие церемонии, вклучувајќи крштавање, како и запечатување на сопружниците и децата со нивните родители.  Обредите важат само ако поединците доброволно ги прифатат пред нивното воскресение.  Извршувањето на храмските обреди е од големо значење за Црквата.  Членовите на Црквата учат дека е нивна должност да ги бараат своите предци и да ги извршат храмските обреди за нив. 

Со цел да им помогне на членовите при истражувањето на нивната семејна историја, Црквата сними на микрофилмови важни записи од целиот свет, кои содржат податоци за милијарди починати лица.  Црквата овозможува овие записи да бидат достапни во Библиотеката за семејна историја во Солт Лејк Сити и во над 3.000 други центри за семејна историја.  Исто така, Црквата има развиено опсежни бази на податоци со генеалошки информации. 

Повеќе информации за овие извори можете да најдете на интернет страницата www.FamilySearch.org.