СЕМЕЈНА ИСТОРИЈА

Членовите на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, познати и како „мормони“, активно се вклучени во работата на подрачјето на семејната историја. Многу членови вршат истражувања за да ги идентификуваат своите предци. Според учењата на Црквата, членовите имаат обврска кон починатите предци кои за време на својот живот го немаа на земјата Евангелието на Исус Христос.

Црквата ја одржува најголемата генеалошка библиотека во светот:  Библиотеката за семејна историја во Солт Лејк Сити, Јута. Таа е отворена за јавноста и нуди пристап до милиони извадоци од матичните книги на родените, венчаните, умрените, како и други записи. За нити една од услугите не се наплаќа.

Црквата исто така одржува неколку подрачни Библиотеки за семејна историја низ целиот свет, кои се отворени за сите заинтересирани за семејната историја.

Можете да ги побарате своите предци и да најдете информации за семејната историја на црковната интернет страница за семејна историја, www.familysearch.org.

 

Повеќе за „Семејна историја“