МОЖНОСТИ НА ИНТЕРНЕТ

Интернет генеалошката услуга FamilySearch (www.familysearch.org) е светска интернет услуга спонзорирана од Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, со цел да им помогне на луѓето да пронајдат и споделат информации за семејната историја. Таа е најголемата и најпопуларната генеалошка интернет страница во светот и ги обезбедува следните можности:

Во полето Пребарај за предци, луѓето можат да внесат информација за свој предок и да откријат дали некоја од каталогизираните интернет страници, датотеки со ресурси и донирани информации достапни преку сервисот, содржи дополнителни информации за тој предок.

Полето Пребарувај категории им овозможува на луѓето да бараат информации во врска со семејната историја.

Соработувајте со другите им овозможува на луѓето да ја споделат информацијата за семејната историја преку е-пошта.

Факти и статистика за страницата Family Search

•    Активирана е на 24 мај 1999 година
•    Бројот на имиња за пребарување во базата на податоци е 957 милиони
•    Бројот на прегледи од активирањето е 10,3 милијарди
•    Бројот на посетители од активирањето е 143 милиони  
•    Бројот на прегледани страници од активирањето е 2,1 милијарда
•    Просечниот број на прегледи дневно е 14 милиони
•    Просечниот број на посетители дневно е 130.000
•    Просечниот број на прегледани страници дневно е 3,5 милиони
•    Број на регистрирани корисници: над 1 милион