ПРВИ ЧЕКОРИ

Истражувањето на семејната историја вклучува 6 основни чекори.  Секој чекор е долу накратко објаснет.

ЧЕКОР 1:  Потсетете се на своите предци

Започнете со тоа што, за секој член на вашето семејство, да се сетите за информациите кои ќе го идентификуваат тоа лице.  Секое лице може да биде идентификувано со личните информации, како што се:

  • Име и презиме
  • Други членови на семејството
  • Датуми и места на важни настани, како што се раѓање, брак и смрт
  • Место на предците
  • Занимање
  • Земете обрасци како што се родословни табели или компјутерски програми, кои можете да ги користите за да ги запишете вашите семејни информации.  Тие го олеснуваат внесувањето и организирањето на податоците.  Основните материјали можете да ги добиете бесплатно на www.familysearch.org.

Чекор 2:  Користете ги изворите во вашиот дом

Побарајте ги ресурсите во вашиот дом што можат да ги содржат семејните информации кои недостасуваат или се нецелосни.

  • Корисните ресурси вклучуваат изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените; семејни Библии, погребни програми; некролози; покани за свадби; семејни регистри и слики на предци.
  • Тие податоци додадете ги во родословните табели и во семејните записи. 
  • Назначете го изворот на информацијата (во образецот користете ја рубриката Забелешки или Извори, или во вашата програма за семејна историја).  Тоа ќе ви помогне вам или на другите да знаете од каде доаѓа информацијата.

Чекор 3:  Запрашајте ги роднините за информации

Направете листа на други роднини и на семејни информации со кои тие можеби располагаат. 

  • Контактирајте ги роднините - посетете ги, јавете им се, пишете им или испратете им е-пошта.
  • Запрашајте за одредената информација која ви треба.   (На пример: „Дали знаеш кога е тетка Јана родена?“) 
  • Додадете го податокот во родословните табели и во семејните записи. 
  • Во Забелешки или Извори назначете ги имињата на роднините кои ви ги дале информациите. 

Честитки - Имате пополнети семејни записи и родословни табели со информации со кои располага вашето семејство.  Сега сте подготвени да барате информации во други евиденции.

Чекор 4:  Изберете семејство или предок за кого сакате да научите повеќе

Погледнете кои информации недостасуваат или се некомплетни во вашата родословна табела и во семејните записи.

 

  • Одберете семејство или предок со информации кои недостасуваат или се некомплетни. 
  • Започнете со генерациите кои ви се најблиску, па продолжете наназад.  Обично е полесно да се најдат податоци за член на семејството или предок кој е роден во неодамнешниот период.  

Чекор 5:  Види дали некој друг веќе го открил тој податок

Предупредување:  Честа грешка е собирање на сите референции за одредено презиме дури и ако не е јасно дека лицето е роднина.

  • Пребарајте имиња во www.familysearch.org во Пребарај предци.  Со тоа ќе ја пребарате базата на податоци која е дел од интернет страницата FamilySearch.  Базата на податоци содржи семејни истории доставени од други.
  • Побарајте објавена семејна историја. 
  • Побарајте имиња во каталогот на Библиотеката за семејна историја. Пребарај презиме на страницата FamilySearch. 
  • Пребарувањето ќе ги наброи семејните истории во збирката на Библиотеката кои го содржат тоа презиме. 
  • Многу од историите можете да ги прегледате во вашиот локален центар за семејна историја. 
  • Побарајте објавени семејни истории на други интернет страници или во јавни архиви и библиотеки.  Ако семејните истории не содржат информации за бараното семејство, побарајте ги евиденциите во местото каде што вашиот предок живеел. 

Чекор 6:  Пребарајте ги евиденциите на информации за вашиот предок

Користете го Водичот за истражување (Research Guidance) на www.familysearch.org. Водичот за истражување ви помага да пронајдете копии на оригиналните записи, како што се пописи или записи за раѓање, врз основа на тоа каде тоа лице живеело и кој е датумот на неговото раѓање, склучување брак или смрт.  Одберете го местото и времето, а Водичот за истражување ќе обезбеди листа на препорачани работи кои треба да се направат и записи кои треба да се пребараат, по приоритетен редослед.  

Преземете ги и отпечатете ги обрасците и водичите кои можат да ви помогнат.  Многу обрасци и водичи можат бесплатно да се преземат на страницата Помош во истражувањето (Research Helps).  Овие обрасци ќе ви помогнат да го планирате, запишете и анализирате вашето истражување.