СЕМЕЈСТВО

Централна точка на Божјиот план за вечната судбина на Неговите деца се бракот и семејството. Согласно со Неговата изјава „Не е добро за човекот да биде сам“ (Битие 2:18), целта на бракот е заедништвото.
Бог, исто така, нареди мажот и жената да се размножуваат во бракот и да ја исполнуваат земјата (Битие 1:28), односно дека тие треба да имаат деца и да основаат семејство.

Ова е теолошката основа на Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, позната како Мормонска, при воспоставувањето и одржувањето на сеопфатни програми и мерки за промовирање на бракот и на семејството.
Без оглед на сите културни и цивилизациски разлики, Црквата на Исус Христос успева, ширум светот, во поставувањето на вредноста на семејството на централно и истакнато место, така што животите на членовите на Црквата се исполнети со свест за тоа дека бракот и семејството траат и после смртта и дека се вечни.

Соодветно на тоа, семејството претставува рамка за поголем дел од нашиот личен развој. Во него постои љубов, луѓето меѓусебно се подучуваат и си помагаат и учат еден од друг.  Ја делиме радоста и тагата. Семејството може да предизвика луѓето да се соочат со тешки задачи, но исто така може да ги создаде и некои од најсреќните моменти во животот.

Како и сè што има вредност, семејните односи бараат време и работа.

 

Повеќе за „Семејство“