ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Преку различни практични програми и мерки, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни ги поддржува и зајакнува напорите на членовите да добијат исполнување во бракот и во добриот семеен живот.

Куќна семејна вечер

Од почетокот на 20 век, Црквата на Исус Христос им препорачува на своите членови да му посветат една вечер во неделата - по можност понеделник - само на семејството.  Елементите кои ја сочинуваат оваа вечер може да се, на пример, верско усовршување, заеднички активности, друштвени игри, планирање на активности, усогласување на датуми, заеднички оброк итн.  Децата се вклучени од рана возраст во презентацијата и извршувањето на активностите.  На овој начин се подучува за вредностите кои се важни за семејството.

Семеен совет

На препорака на Црквата, ова е многу ефикасен инструмент за комуникација меѓу родителите и децата со цел да се подобри семејниот живот и меѓусебното разбирање.

Подучување дома и при посети

Месечните посети на сите семејства во Црквата ги прават заедно мажите (куќните учители исто така се грижат за целото семејство) и жените (куќните посетителки кои ги поддржуваат жените во домот).

Неделни состаноци

Во Неделното училиште, на состаноците на мажите (Состанок на свештенството), жените (Потпорно друштво), децата и младите (Мало училиште, Млади мажи, Млади жени) се зборува за теми поврзани со бракот и семејството.

Средби

Целни групи за дискусија, кои понекогаш вклучуваат експерти, на теми за семејството и бракот.

Понатамошни совети за добра семејна комуникација, за помош за самохрани родители итн. може да се најдат на www.mormon.org/learn/0,8672,1185-4,00.html.