ВЕЧЕН БРАК

Во рамките на членството на Црквата, Црква на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни им нуди на луѓето можност за склучување на вечен брак, кој е за „време и цела вечност“, а не „сè додека смртта не нè раздвои“.

Врз основа на она што Христос му го изјави на Петар: „Ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство,  и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата;  а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата“ (Матеј 16:19), вечните бракови се склучени со божествено овластување.  Таков вечен брак ќе важи и во следниот живот и семејството може да постои вечно. 

Предуслови за тоа се храмот или „Господовиот дом“, како место каде што бракот треба да се изврши, потоа личните квалификации, односно живот базиран врз христијанските принципи, како и овластување од свештенството (види Храмови).  Сите членови на семејството се вклучени во оваа вечна можност под исти услови.